"Паметниот" дел од палмите е што собираат сончева енергија, која ја користат за напојување на бесплатното ВиФи (радиус 100 метри), екраните на допир со информации за туристите, полначите за мобилни уреди (вкупно 8) и камерите за надзор, сето ова вградено во нив.
За нас како млада палма нација, најинтересниот дел околу паметните палми е што компанијата која ги произведува е основана и е во сопственост на Македонецот Виктор Налепа, кој од 2003-та живее во Емиратите.
Цената на паметните палми се уште не е позната. Цената на палмите што изникнаа низ Македонија е околу 500.000 евра за 1.100 палми над 4 метри висина.