А легендата вели: од Меморијалниот ден, кој се прославува на 30 мај, до денот на трудот кој во САД се одбележува на 7 септември, голем број работодавци се одлучуваат во петок да стават клуч на канцелариите некаде околу паузата за ручек, овозможувајќи си себеси и на дотогаш експлоатираните блага летна оддишка, а најревносни притоа се издавачките куќи. Њујорк тие денови изгледа како полу-напуштен град, а еден од релевантните статистички показатели дека е во тек „летен петок" е потрошувачката на струја, која тогаш (наводно) опаѓа за 4 проценти под просекот. Ваквата практика најверојатно датира во 1930-тите, што е по малку парадоксално бидејќи токму тогаш канцелариите почнале да се климатизираат, а мускулите на капитализмот забрзано да се зајакнуваат.
Но дури и навистина да постоела ваква практика, еден преглед на тоа кој и дали воопшто ги ослободува вработените во летните петоци во САД денес дава интересна слика: старите медиуми не можат да си го дозволат ова (на пример Time Inc., издавач на Sports Illustrated, Life, Marie Claire, NME од лани ги има укинато), а новите медиуми не сакаат да го дозволат (на пример BuzzFeed, кој сега има илјада вработени се ужаснува од компании чии згради се празни во 2 попладне). Во Силициумската долина, пак, сето работно време е флексибилно (што значи работно), а истото важи и во Гугл - привилегираниот бренд работник е слободен да си ги одредува сопствените работни часови, и да „црнчи" на кој и да е ден, од која и да е плажа во светот.
Ова значи дека летното работно време може и целосно да исчезне, и во блиска иднина секој ден да биде како четврток. Повеќето идни работници на светот ќе немаат каква и да е контрола врз нивните работни часови. А оние неколкумина привилегирани ќе можат да шмугнат низ прозорците канцелариите, доколку се уште повеќето од нас работат над земја.