Вести

И дата-центрите изгубија на изборите во САД

Милијардерите од Силициумската долина се дупли губитници на изборите во САД. Не само што им „изгореа“ стотиците милиони долари што ги вложија во кампањите на републиканските кандидати, туку им на локално ниво им беа блокирани проекти за изградба на центри за податоци од кои долгорочно очекуваа приходи од милијарди долари.

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Слично како што нацистичка Германија ѝ го заплени златото и моќниот воено-индустриски комплекс на Чехословачка пред Втората светска војна, битката за Уставниот суд во Варшава отвора сомневања дека денешна Германија планира да ги преземе златните резерви на Полска и да ја стави под своја контрола нејзината армија во пресрет на можна војна со Русија до 2030 година.

Наравоученија од изборите:

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Медиумите блиски до Вучиќ во предизборната кампања беа најгласни во печатените изданија и на телевизија, но ја изгубија битката бидејќи другата страна ја концентрираше својата активност таму каде што навистина е насочено вниманието на гласачите. Помладите гласачи, кои се и поактивни во дигиталната сфера, до информациите доаѓаа од социјалните платформи.

Речник

Јастребите ги соборија републиканците

По катастрофалниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, јастребите околу Доналд Трамп се стремат да го прикријат очигледното: претседателот и неговата партија го прекршија своето ветување за мир, започнаа лошо замислена војна со Иран и со тоа уште повеќе ја влошија кризата за која беа избрани да ја решат.

Германија толерира 200.000 нелегални мигранти

Иако германските власти им изрекле наредба на 250.000 нелегални мигранти да ја напуштат Германија, за дури 200.000 од нив е заклучено дека не може да се спроведе депортација поради најразлични причини. Додека не се решат споровите, дозволено им е легално да останат во земјата и да имаат право на основна поддршка, сместување и здравствена грижа. 

Вухан го тужи Мисури за клевета за ковид

Суд во Вухан ја прифати правната битка со Мисури за потеклото на пандемијата на ковид-19. Институтот за вирусологија покрена контратужба за клевета против американската сојузна држава, од која бара јавно извинување и отштета од 53,5 милијарди долари поради ширење лажни информации, нарушување на угледот и стигматизирање.

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Доналд Трамп со часови го испрашувал Грок - четботот со вештачка интелигенција на Илон Маск - за тоа дали Венецуелците би славеле доколку им го уапси лидерот Николас Мадуро. Неколку недели подоцна, ја нареди операцијата со која беше грабнат диктаторот од палатата во Каракас. Тоа го охрабри два месеци подоцна да му објави војна и на Иран.

ЕУ забранува лажни „зелени“ етикети

Зелената агенда на Европската Унија поттикна бран лажни рекламирања на производи, услуги и проекти како „еколошки прифатливи“. Брисел конечно ја забранува оваа тактика на зелено перење мозоци (greenwashing) на потрошувачите. За да залепат етикети „еко“ или „био“, компаниите ќе мора да приложат докази дека производите навистина се еколошки.

Флорида го тужи Фајзер за ковид вакцините

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19. Бара да им се плати отштета на луѓето а компанијата да го врати профитот.

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Младината од ридовите граба палестински територии

Масовниот напад врз палестинско село на окупираниот Западен Брег го сврте вниманието кон новата и понасилна генерација израелски доселеници. Подемот на политичари што ја застапуваат идеологијата за протерување на Палестинците, на чело со министерот за финансии Безалел Смотрич, им овозможи легитимитет, финансирање и заштита на младите окупатори.

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Ако веќе не можат да го спречат шверцот и консумирањето наркотици во затворите, канадските власти ќе се потрудат барем да го направат дрогирањето „поздраво“. На затворениците ќе им достават хартиени цевчиња за да можат хигиенски да шмркаат дроги и фолии за виткање цигари. Опозицијата остро го критикува проектот и бара нулта толеранција за дроги во затворите.

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Откако Трамп лани му даде задача да ги скрати непотребните владини трошоци, а потоа го откачи, Илон Маск се враќа на служба во владата, овој пат како шеф на проектот за трасирање на иднината на војувањето. Хегсет, во меѓувреме, ќе настојува да ги построи војниците и да направи чистка меѓу генералите според принципот „помалку кловнови – повеќе каубојци“.

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Кога ќе се исцрпат украинските човечки ресурси, европските мажи и европската територија може да станат следниот потрошен ресурс на САД во војната против Русија преку посредници, пишува Томас Фази. Предупредува дека оваа војна лесно може да прерасне и во нуклеарна престрелка на европска почва, при што Американците нема да трпат директни последици.

Соларни панели десет метри под морето

Во агресивната енергетска трансформација, Кина постави сончеви колектори насекаде – поплочи цели градови, ги крена над автопати и ги нареди на пловечки платформи крај брегот. Сега успеа да произведе енергија и од сончеви колектори потопени под вода, со револуционерна технологија која на тестирањето дала резултати блиски до теоретскиот максимум на ефикасност.

Зеленски остана без Глобалниот Југ

Дебатата во Обединетите нации покажа дека меѓународната поддршка за Украина се стеснува на сè помал круг западни држави. Декларацијата со која се повикува Русија да почне преговори за крај на војната ја потпишаа само 51 земја. Европа останува на страната на Киев, но Глобалниот Југ сè повеќе се дистанцира, повеќе од личен интерес отколку од симпатии кон Москва.

Англичаните ќе јадат и банани што не потемнуваат 

Банани што не потемнуваат се првото овошје со генетски измени одобрено за законска продажба во Британија. Новата сорта банани создадени во лабораторија се поотпорни на стареење и на оштетување, што овозможува подолго да останат добри за јадење. Британските домаќинства секоја година фрлаат дури 1,4 милиони банани кои се добри за јадење, иако се потемнети.

САД ќе се подмачкаат со запленета иранска нафта

Администрацијата на Трамп наскоро ќе може да ја амортизира кризата со горивото со нафта од непријателот против кој војува. Три супертанкери со иранска сурова нафта се приближуваат до Мексиканскиот Залив и наскоро ќе истоварат 6 милиони барели во вредност од 600 милиони долари. САД се повикуваат на закон од пред два века, според кој нафтата е воен плен.

Нетанјаху го моли шеикот од ОАЕ да го оправда за седми октомври

Нетанјаху го молел претседателот на Обединетите Арапски Емирати јавно да негира дека навремено го предупредил Израел за заканата од терористички напад на Хамас во 2023 година. Соочен со предизборната кампања, Биби отфрла одговорност и за новите извештаи, во кои се тврди дека и Египет со месеци попусто го предупредувал Израел за масакрот на 7 октомври.

Американската војска распрснувала ебола вирус

Приватниот дневник на докторот Ентони Фаучи открива дека американската армија пред една деценија прскала мајмуни со ебола за да провери како вакцинирани субјекти реагираат на смртоносниот вирус. Експериментот потврдил дека изложеноста на ебола во форма на аеросол предизвикува потешки последици кај единките кои претходно примиле вакцина.

„Вештачката интелигенција ќе нè убие“ е новата ковид паника

Ако од некаде ни изгледа позната денешната хистерија околу итната опасност од вештачката интелигенција и нејзино забегување, тоа е затоа што за помалку од 10 години, четири пати видовме и преживеавме такви морални паники, водени од „најпрогресивните“ слоеви на човештвото. Сценариото секогаш беше исто: толку е итен проблемот што нема време за дебата.

Луѓе завршуваат „под скалпел“ и кога не мора

Повеќето од стотиците милиони хируршки зафати годишно спасуваат животи. Но, откако зачестија лажните операции заради споредба на ефектите, се покажа дека многу зафати кои не се прашање на живот или смрт всушност не се ништо подобри од природното заздравување. Некои дури и ја влошуваат состојбата на пациентот, а не го продолжуваат неговиот животен век.

Пет членки на ЕУ најавија план за итна депортација на азиланти

Данска, Австрија, Грција, Германија и Холандија во првата половина од идната година ќе воспостават пилот-проект за итна депортација на баратели на азил чии барања се одбиени во ЕУ. Се очекува да бидат склучени договори со Руанда, Уганда и Узбекистан за да ги примат азилантите. Бројот на депортирани лица нема да биде голем, но би имал ефект на одвраќање.

ЕУ крева антидемократски штит

Битката за слободата на говорот во Европа веќе не се однесува само на тоа што на луѓето законски им е дозволено да го кажат. Сега станува збор за нешто пошироко: кој одлучува што може да видат, кому треба да му веруваат и кои идеи се класифицирани како ризици, сето тоа сервирано како „борба против дезинформациите“.

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Израел знае да биде и маќеа

Израелското државјанство, како еден од столбовите на ционистичкиот проект, никогаш досега не им било одземено на Евреи. Нетанјаху сега бара да им биде одземено на авторите на шокантниот документарец „NAZA“ во кој се прикажани израелски злосторства во Газа. Режисерите стануваат „непријатели на еврејскиот народ“ и се третираат како „егзистенцијална закана“ за државата.

САД си заминаа од Ирак, Курдите нека се снаоѓаат со хаосот

Речиси две и пол децении по воената инвазија во која го соборија Садам Хусеин, американските сили целосно се повлекоа од Ирак. Овојпат, се чини, засекогаш. На Курдите, своите најцврсти сојузници во регионот, не само што не им обезбедија заштита, туку и ги изложија на нова закана од иранските милиции, кои одбиваат да се разоружат и ги засилуваат нападите.

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина.