Британија мавта со бело знаме пред исламизацијата

Со речиси секој изминат ден, Британија прогресивно го прифаќа сопственото уништување со тоа што се поклонува пред своите смртни непријатели и им се нафрла на своите најлојални пријатели. Лабуристичката влада на премиерот Кир Стармер сè повеќе се предава на исламизацијата и нелегалната миграција, додека води отровна култура на антисемитизам која е надвор од контрола.

Во изминатата деценија, повеќе од 170.000 нелегални имигранти го преминале Ламанш од Франција во мали чамци. Неколку влади по ред не успеаја да се справат со оваа трговија со луѓе, што предизвика бес кај британската јавност, згрозена од неодржливите нивоа на имиграција, и легална и нелегална.

Британците се исто така ужаснати од влијанието на големиот број муслимански мигранти кои одбиваат да се интегрираат во британското општество. Повеќето муслимани ги прифаќаат западните вредности, но големо малцинство не го прави тоа. Од 43.000 активни терористи во документите на безбедносната служба MI5, околу 90% се муслимани - заедница што претставува само 6% од населението.

Трговијата со нелегални имигранти претставува акутна опасност за британската безбедност. Со оглед на тоа што MI5 издава итни предупредувања за непосредна закана од ирански тероризам во Британија, постојат индикации дека е реален очигледниот ризик од терористи што доаѓаат преку Ла Манш.

И покрај сето ова, обидите на Стармер да се справи со кризата со малите чамци беа екстремно слаби. Тој се согласи на договор „еден мигрант внатре, еден мигрант надвор“ со францускиот претседател Емануел Макрон. Овој договор, ќе биде ограничен на само 50 нелегални мигранти неделно, или 1,5% од сите оние што пристигнале во Британија откако почна кризата. На самиот ден кога беше постигнат договорот, околу 573 нелегални мигранти се истоварија на британските брегови во мали чамци од Франција.

Договорот Стармер-Макрон предизвика потсмев и бес во еднаква мера кај британската јавност како безнадежно несоодветен одговор на вонредна состојба за националната безбедност. Ова мора да се постави во контекст на плашливиот одговор на британската држава на растечката политичка моќ на британските муслимани кои имаат намера да го исламизираат британското општество, пишува британската коментаторка Мелани Филипс. 

Британија веќе има околу 1,2 милиони нелегални мигранти. Еден од секои 13 луѓе во Лондон е таму нелегално.

Британија со положени венци и свечени говори на 7 јули ја одбележа 20-годишнината од нападите со бомбашите-самоубијци врз лондонското метро и автобус во кој беа убиени 52 лица. Сепак, никој - ниту премиерот, ниту кралот, ниту градоначалникот на Лондон, Садик Кан - не спомна дека тоа е исламистичко злосторство.

Смешно, Стармер го поздрави „единството на Лондон спроти теророт“, велејќи дека „оние кои се обидоа да нè поделат не успеаја“. Но, бомбашите не се обидоа да ги поделат лондончани. Тие се обидоа да убијат што е можно повеќе и во име на исламот, забележува Филипс.

Стармер се обидува да се преправа дека нема поделби меѓу муслиманите и остатокот од јавноста со тоа што ќе ги запре сите критики кон муслиманскиот свет. Неговата влада е зафатена со изнаоѓање начини да му го заостри псевдо-прекршокот „исламофобија“. Додека се обидува да го задуши секое споменување на исламистички терор, владата се обидува да ги криминализира оние што сакаат да го бранат британскиот начин на живот.

Мелани Филипс за NewYorkPost

24 јули 2025 - 16:02