
Европската комисија ќе ја тужи Франција пред Судот на правдата (CJEU) поради претераната регулатива за сортирање отпад, за која вели дека го крши принципот на слободно движење на стоки.
Владата на ЕУ ја донесе одлуката откако постојано го предупредуваше Париз дека неговите задолжителни ознаки за сортирање отпад не се компатибилни со единствениот пазар на ЕУ.
Според францускиот закон, производителите на најразлични стоки како амбалажа, текстил, телефони или дури и градинарска опрема мора да истакнат етикета за сортирање - позната како „Триман“, за да ги информираат граѓаните во која корпа да ги отстранат.
Брисел сака да ги хармонизира правилата за означување на ниво на ЕУ. Блокот лани воведе нови правила сите пакувања на пазарот на ЕУ да имаат „хармонизирана етикета што содржи информации за нивниот материјален состав со цел да се олесни сортирањето за потрошувачите“. Националните етикети ги смета за „пречка за слободното движење на стоки“, бидејќи ги збунуваат производителите како да ги обележат своите производи.
Oдлуката ќе стапи на сила дури во август 2028 година.
До 2028 година ќе го усогласиме законот со европските барања. Дотогаш, сакаме да го задржиме Триман, изјави Портпаролот на француското Министерство за животна средина.