САД и ЕУ имаат трговски договор

После неколкумесечна неизвесност и опасност од непредвидлива трговска војна меѓу двата економски блока, Доналд Трамп и Урсула фон дер Лајен постигнаа договор. Базичната линија на царинење на европскиот извоз во САД е утврдена на 15 проценти. Многу стоци милијарди ЕУ ќе мора да дава за енергенси од САД.

Фото: ЕПА

Доналд Трамп објави дека е постигнат царински договор со ЕУ со кој се става крај на четиримесечните тешки преговори меѓу Вашингтон и Брисел и се елиминира опасноста од трансатлантска трговска војна.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави „имаме договор“ по 40-минутната средба со Трамп во неговиот голф-центар „Тарнбери“ во Шкотска, каде што тој тера викенд. 

Таа го опиша како „голем договор, огромен договор“ (почнала ко Трамп да зборува) што ќе донесе „стабилност“ и „предвидливост“ за двете страни.

Меѓу другото ЕУ се согласила да потроши екстра стотици милијарди долари за американски енергетски увоз. Поконкретно, Европската Унија се обврза од САД да купи енергија во вредност од 750 милијарди долари и се согласи за други стоки да инвестира во САД 600 милијарди долари повеќе од сегашните инвестиции.

„Ова е реално најголемото трговско партнерство во светот, треба да му дадеме шанса“, рече Трамп пред состанокот кога на договорот му даваше шанси 50-50.

Според договорот, САД ќе наметнат основна царина од 15% за поголемиот дел од извозот на ЕУ во САД.

Трамп првично ѝ се закануваше на ЕУ со царини од 50% што подоцна го спушти на 30% за на крај да се согласи на 15%. Сепак, царинската стапка е повисока отколку пред да дојде тој на власт.

Царината од 50% останува општа стапка за извозот на челик. Тоа е особено проблематично за британските производители на челик, кои се надеваат дека таа стапка ќе биде елиминирана кога Трамп ќе се сретне со Кир Стармер в понеделник. 

Трап оптимизам изрази и за постигнување договор со Кина.

27 јули 2025 - 20:59