Само строго со децата, за нивно добро

За разлика од нивните родители, денешните се бомбардирани со совети и филозофии како да ги воспитаат своите деца. Тоа прерасна во бизнис. Пазарот на апликации за родители се проценува дека вреди 600 милиони долари. Студија што цела деценија следела развој на речиси 6.000 деца, нуди докази кое воспитување е поврзано со најдобрите резултати: Авторитативно, со доза на нежност.

Со следење на напредокот на децата од двегодишна возраст, студијата на Националниот центар за социјални истражувања (NatCen) заклучува дека авторитарното родителство, карактеризирано со високи очекувања, построги ограничувања на однесувањето и топли односи, има поголема веројатност да даде подобра благосостојба и повисоки оцени во школувањето.

Истражувачите откриле дека овој пристап дал подобри резултати од „попустливите“ стилови каде што родителите се ангажирани и не наметнуваат дисциплина, но и од најавторитативните, во кои се држи дистанца од децата.

Во првата фаза од основното образование, кај деца на возраст од 5 до 7 години, поставувањето повисоки родителски ограничувања е поврзано со поголема веројатност децата да го постигнат очекуваното ниво. Авторитативен стил на родителство, карактеризиран со висока одговорност, високо ниво на психолошка контрола и појасно поставување родителски ограничувања, исто така, покажа позитивно влијание врз постигнувањата во втората фаза од основното образование, кај деца на возраст од 7 до 11 години, се наведува во Студијата за рано образование и развој (SEED), објавена од Министерството за образование.

Наодите се во спротивност на промовирањето „нежно родителство“ што се шири во изминатите години, особено помеѓу миленијалците. Социјалните медиуми се преплавени со совети од влијателни лица дека потребите на детето мора да бидат на прво место и дека строго се забранува повишување глас и зборот „не“.

Критичарите на овој пристап тврдат дека без оглед на добрите намери, родителите имаат сè помалку време да им посветат на своите деца, па нежното родителство се претвора во попустлив пристап и создава генерација разгалени деца.

Вивиен Хил, психолог и директор на програмата на Институтот за образование на Универзитетскиот колеџ во Лондон, вели дека понежните стилови на родителство може да им создадат проблеми на децата во реалниот свет.

Треба да се знае кога да им се даде слобода да истражуваат и да го прават своето, но исто така и да се знае кога им се потребни граници. Тоа треба да се развива од раѓање до раните години, а станува неопходно во адолесценцијата кога погрешните постапки можат да бидат катастрофални, вели професорката Хил.

24 јули 2025 - 08:38