Д-р Малхотра за инјекциите за слабеење:

Како да ви даваат рак за да ослабете

Иако постојано е напаѓан во својата земја поради смелите ставови, британскиот доктор Асим Малхотра ги убеди властите да го намалат нивото на шеќер во храната. Вакцините со мРНА ги смета за апсолутна катастрофа и го критикува масовното препишување статини како превентива од срцеви заболувања. Сега тргна во битка против „инјекцијата за слабеење“ што ја воведе NHS.

Наметнувањето на вакцината против ковид предизвика огромна штета. Инјекцииите за слабеење на NHS ќе бидат тотална, целосна катастрофа на јавното здравје. Со овој лек губите еднакви количини мускули како и телесни масти. Како да им кажувате на пациентите: „Ќе ви дадам рак како начин да ослабете“, предупредува британскиот кардиолог Малхотра во интервју за Телеграф.

Илјадници пациенти во Англија од јуни имаат пристап до инјекции за слабеење. Се очекува околу 220.000 луѓе со „најголема потреба“ да го добијат Mounjaro, познат и како tirzepatide во текот на следните три години. Лекот го намалува нивото на шеќер во крвта и го забавува брзото варење на храната.

Малхотра вели дека дебелината е „маркер за други здравствени проблеми“, вклучувајќи висок крвен притисок, дијабетес и срцеви заболувања. Инјекциите за слабеење се насочени само кон симптомот, а не кон основната причина. 

Сè додека немаме независни докази што покажуваат дека лековите за слабеење всушност можат да ги подобрат резултатите, тие не треба да се даваат на ниту едно човечко суштество, вели тој.

Докторот Малхотра упорно обвинува дека медицинската индустрија е „безнадежно заробена“ од големите корпоративни фармацевтски компании, кои финансираат пристрасни истражувања за безбедноста на сопствените лекови и ги притискаат пациентите масовно да ги користат.

Медицината стана илузија. Киднапирана е од моќни комерцијални субјекти бидејќи тие ги контролираат информациите што лекарите ги користат за да донесуваат клинички одлуки, вели докторот.

Критиките на Малхотра за статините и за вакцините со мРНК, за кои тврди дека направиле повеќе штета отколку корист за време на пандемијата, му затворија многу врати во Британија, но доби признание од САД. Назначен е за главен медицински советник во Институтот МАХА (Направете ја Америка повторно здрава) на министерот за здравство Роберт Кенеди Џуниор.

Малхотра верува дека РФК Џуниор веќе има сериозно влијание врз администрацијата на Доналд Трамп и го оддалечува претседателот подалеку од фармацевтските корпорации. Исто како и Кенеди, бара да се преиспита врската помеѓу вакцините и аутизмот, за која општо се смета дека е побиена.

Ако ме прашавте дури и пред три-четири години дали има нешто помеѓу вакцините и аутизмот, ќе речев: „Апсолутна глупост, тоа е побиено“. Но, она што го откри вакцината против ковид е дека традиционалните вакцини биле „свет грал“. Сега мора да почнеме од перспектива дека ниеден лек или вакцина не е целосно безбеден, вели докторот.

******
Види и: Вести од вакциналниот мамурлук

Покајанието на еден сериозен вакцинален првоборец

Нешто околу срцевите удари, холестеролот и лековите не е како што ни кажувале

22 јули 2025 - 15:07