Покајанието на еден сериозен вакцинален првоборец

Кога се пуштија ковид вакцините во оптек, еден од најугледните британски кардиолози, доктор Асем Малхотра ги охрабруваше луѓето да ги примат, во обид да се надмине колебливоста кај луѓето. Личен губиток, поточно чудната смрт на неговиот вакциниран татко, го предомисли докторот.  

Таткото на 45 годишниот доктор починал од инфаркт лани во јули. Како што се објаснува овде, овде и овде, доктор Малхотра ни самиот не можел да ги објасни пост-мортем наодите на починатиот родител па започнал своја истрага во зајачката дупка.

Tој денес вели дека за ковид вакцините (барем оние базирани на мРНК) нема докази дека се безбедни а нивната задолжителност ја оценува како „неетичка и дезинформирачка“.  

„Продолжувањето со вакцини мора да престане веднаш“, вели кардиологот“, за што подетално пишувавме во „Се бара суспензија на вакцините, „до даљнег“. 

Во првиот дел од неговата серија во Журналот за инсулинска отпорност (вториот дел е овде), Малхотра пишува:

„Требаше да ми се случи многу неочекувана и крајно потресна лична трагедија, за да започне моето патување кое на крајот ќе се покаже како искуство кое ми ги отвори очите. После 6 месечно критичко проверување на податоците и фактите, полека и неволно заклучив дека спротивно на моите првични догматски верувања, вакцината на Фајзер е далеку од тоа да биде безбедна и ефикасна како што прво мислевме“.

„Неговото искрено признавање на грешката е инспиративно, ќе го следат ли и другите?“, се прашува Даниел Клеин на сајтот на Браунстон институтот.

Во меѓувреме, данските власти решија на помладите од 50 години да ги советуваат да НЕ примат вакцина. 

„Некогашни карантински апостоли сега пишуваат нови колумни во кои предлагаат да си простиме за тоа што си кажавме и правевме едни на други во црните денови на ковидот. А извинување, каму?“, пишавме во статијата „Тие што хејтаа „анти-ваксери“, сега бараат амнестија“.

1 декември 2022 - 14:54