
Како доказ дека Обама директно ја дал наредбата за да се објави извештајот за руското мешање во кампањата на Трамп, иако знаел дека нема докази за тоа, директорката за национално разузнавање Тулси Габард го претстави декласифицираниот извештај од 2020 година од Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом.
Габард тврди дека администрацијата на Обама спроведувала „долгогодишен и смислен државен удар“ против Трамп и го спровела пред своето заминување. Извештаите во кои се манипулирало со разузнавачки информации доведе до истрагата на специјалниот советник Роберт Милер и серија истраги на ФБИ.
Оценувајќи дека целта била да се поткопа довербата во изборниот процес во САД, Габард препорача покренување кривични обвиненија против сите вмешани во заговорот, вклучувајќи го и поранешниот претседател Обама.
Сенаторите Линдзи Греам и Џон Корнин, членови на Комитетот за правосудство, ја повикаа главната обвинителка Пам Бонди да назначи специјален советник за да истражи до кој степен Обама, неговите советници и други функционери го манипулирале американскиот апарат за национална безбедност заради политичка полза.
Ќе ги истражиме овие вознемирувачки откритија целосно и нема да оставиме камен непревртен за да ја спроведеме правдата, изјави Бонди.
Канцеларијата на Барак Обама во соопштение остро ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „скандалозни“ и „смешни“.
******
Види и: Тулси Габард тргна по Обама