Маск им ја запрел големата контраофанзива на Украинците

Преземајќи си улога на „господар на војната“, Илон Маск во 2022 година наредил да се исклучи пристапот на неговите сателити до Херсон за да ги остави украинските сили без комуникација и така да ја запре нивната голема контраофанзива за ослободување на окупираните територии, тврди Ројтерс. Наводно се исплашил од заканите од Путин дека Русија ќе возврати со нуклеарно оружје.

Илон Маск лично ја минирал украинската контраофанзива пред три години, потврдиле за Ројтерс три анонимни извори. На инженерот Мајкл Николс во калифорниските канцеларии на SpaceX, која го одржува системот Старлинк, му дал наредба да ја намали покриеноста во областа околу Херсон, каде што беше насочена офанзивата. 

Вработените се придржувале и деактивирајќи најмалку сто терминали на Старлинк. Сигналот бил исклучен и во други окупирани области во Украина, вклучувајќи го и Доњецк. Оставени без единствениот систем за комуникација, украинските трупи не можеле да ги координираат операциите, да ги контролираат извидувачките беспилотни летала и да нишанат со ракетните системи, кои се зависни од сателитска врска за насочување на огнот. Тоа, според украински офицер и воен советник, било причината зошто трупите не успеале да опколат руска позиција во градот Берислав, источно од Херсон.

Одлуката шокираше вработени во Старлинк и ефикасно ја дефинираше линијата на фронтот. Маск во свои раце го имаше исходот од војната во свои раце, вели извор на Ројтерс. 

Прекинот се случил на 30 септември 2022 година. Трите лица запознаени со наредбата се убедени дека таа произлегла од загриженоста што Маск дека украинските напредувања би можеле да предизвикаат нуклеарна одмазда од Русија.

Како што се интензивираше контранападот на Украина, рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември година нареди делумна мобилизација на резервистите, прва во Русија по Втората светска војна, и се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје ако биде загрозен територијалниот интегритет на Русија. Во овој период Маск разговарал со високи функционери во администрацијата на претседателот Џо Бајден. Разузнавачки и безбедносни претставници изразиле загриженост дека Путин би можел да ги исполни заканите. Набргу потоа, Маск го наредил прекинот.

Веќе на 3 октомври, Маск ги налути Украинците кога на Твитер предложи локалното население во регионите анектирани од Русија да гласа за тоа дали треба да останат дел од Украина. Ден подоцна објави: „Сè уште многу ја поддржувам Украина, но убеден сум убеден дека масовната ескалација на војната ќе ѝ предизвика голема штета на Украина, а можеби и на светот“.

Маск упорно негира дека по сопствена волја ја управува услугата на Старлинк. Портпаролот на Спејс Икс реагираше дека извештајот е неточен и дека „Старлинк е целосно посветен на обезбедување услуги за Украина“. Канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски и украинското Министерство за одбрана не одговориле на барањето за коментар. Зеленски неодамна јавно му изрази благодарност на Маск за пристапот до Старлинк. Министерството за одбрана на САД одбил коментар.

Одлуката на Маск покажува колкава е моќта на милијардерот во геополитиката и глобалната безбедност, благодарение на сателитска услуга што едвај постоеше на почетокот на оваа деценија... Преку доминацијата на Старлинк во сателитските комуникации и на СпејсИкс во вселенските лансирања, неговата моќ достигна димензија што беше ограничена на суверени влади, наведува Ројтерс. 

Извештајот не е директно поврзан со инцидентот од четвртокот, кога Старлинк претрпе редок глобален прекин од неколку часа поради „проблем со софтверот“. Украински воен командант потврди дека пристапот до Старлинк бил блокиран на целиот фронт и дека се вратил по околу 2,5 часа.

26 јули 2025 - 13:46