
Попуштајќи под притисокот од НАТО и од американскиот претседател претседателот Доналд Трамп, Романија објави дека ќе потроши 2,3 милијарди долари за израелски противвоздушни системи за да може да се одбрани од наводната руска закана.
Нужноста да се издвојат милијарди за израелските противвоздушни системи се оправдува со извештаите дека во изминатите две години на територијата на Романија постојано паѓале дронови што Русија ги користела во војната во Украина.
Скапи беа, не само во политичка смисла, и потезите на Романија да поништува избори сè додека не победи кандидат прифатлив за естаблишментот на ЕУ. При крајот на минатата година во првата рунда од претседателските избори победи евроскептичниот популист Калин Георгеску. Повикувајќи се на наводно руско мешање во кампањата, Уставниот суд ги поништи изборите. На повторените избори во мај во првиот круг водеше друг непожелен популист – Георге Симион. По неверојатно голем пресврт за две недели се стопи неговата предност од двојно повеќе гласови и победи центристичкиот градоначалник на Букурешт Никушор Дан.
Сето тоа ѝ овозможи Романија на самитот на НАТО во јуни, заедно со сите други членки да ги прифати долгогодишните барања од Трамп за зголемување на воените трошоци од 2% на 5% од БДП до 2035 година.
Купувањето израелско оружје е одобрено во време кога властите најавуваат драматични мерки за штедење за да се надмине лошата финансиска состојба. Дефицитот проценет на 9% од БДП за 2025 година се очекува да биде најголем во историјата на земјата и највисок меѓу членките на Европската Унија. Потенцијалните потези на властите вклучуваат отпуштање на 20% од вработените во државната служба во земјата, зголемување на данокот на додадена вредност и зголемување на даноците на профит и дивиденди од 10% на 16%.
Оваа корекција е толку обемна и далекусежна, што нема да може да се избегне болката, изјави за Политико поранешниот министер за финансии и сегашен шеф на романскиот Фискален совет, Даниел Дајану.
Израелската индустрија за оружје, од друга страна, веќе имаа рекордни приходи. Достигнувајќи нов максимум четврта година по ред, продажбата на израелско оружје достигна нешто помалку од 14,8 милијарди долари во 2024 година. Кај европските клиенти завршил 54% од извозот, објави Тајмс оф Израел.
Според новиот договор за оружје, Романија ќе купи противвоздушни системи со краток и многу краток дострел од израелската компанија „Рафаел адванс дефенс системс“. Договорот опфаќа и обука, логистичка поддршка и муниција. Првите два системи V/SHORAD ќе бидат испорачани во рок од три години од потпишувањето на договорот, што се очекува оваа есен.
******
Види и: Изборите во Романија беа травестија на демократијата