Вести

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Речник

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

Никогаш не знаеш од каде ќе ти изникне руска инвазија

Финска, држава во историски константна состојба на "да не реши комшијата утре дека сме негови", со закон забрани носење маскирна и воена облека без обележја, како превенција од повторување на снимките од Украина и Крим.

Зошто порното е опседнато со ниско платени машки професии?

Дали е градинар, дали е водоводџија, чистач на базени, или испорачува пица, заедничко за сите е што има минимална плата и максимум секс на работно место, барем според архетипот врз кој е изградено порното.

Како сексот може да остане меѓу сопружниците

Звучи апсурдно ама таков е животот. Женет маж нарачал проститутка по интернет. На врата му се појавила неговата сопруга. Најинтересно е кога ќе помислите дека тоа нивното и не би било вонбрачен секс.

"Чистата" храна е бескорисна

Не чиста како измиена, туку чиста како органска, без ГМО, без адитиви и слични неприродни додатоци. И иако првата варијанта (измиената) е корисна, втората е чисто маркетинг фора за богати белци.

Оди па фати перење пари

Парадоксот на биткоинот е што во исто време е и јавен и анонимен. Во пракса ова значи дека секој може да ги следи сите можни трансакции од каде одат и каде стигнуваат, ама невозможно е да дознаеш чии се парите ако човекот знае како да ги скрие. Нешто како шибицарење.

Како Реган ги постави основите за доаѓањето на Трамп

Реган шоу е нов документарец на тема Роналд Реган, но не за неговото претседателството, туку како Реган ја одглумил улогата на претседател и целиот апаратус за односи со јавноста што го ангажира за "внимателно кореографираниот лик да се пренесе и продаде на американскиот народ".

Македонијо, пустино обновлива

Доколку глобалната клима затопли за 4 целзиусови степени, имаме две лоши и една добра вест за Македонија. Едната лоша вест е дека ќе бидеме пустина. Добрата е дека ќе бидеме супер за производство на соларна енергија. А другата лоша е дека Бугарите се многу поспремни да ја дочекаат таквата иднина.

Рајот за нозете се вика Индонезија

Кога умираат, добрите нозе одат во Индонезија. А нивниот пекол се вика Кина. Ова произлегува од една масивна статија за глобалните пешачки навики на луѓето. Сепак  имајте на ум: да беше пешачењето здраво, поштарите ќе живееја по 200 години.

Кога животот ќе ти даде 27 шанси да не останеш слепа

65-годишна Англичанка ја подготвуваат за операција на катаракта кога во едното око и наоѓаат "синкасто страно тело". Докторите успеваат да и го спасат видот, ама не и достоинството.

Народот е во право дури и кога е спремен да чисти ВЦ шолји за гага ви-фи

Во една од најдобрите показни вежби дека на некого би му ја препишале и душата ако тоа го напише со доволно ситни букви во услови за користење, компанија за бесплатно јавно ви-фи има црно на бело од 20.000 луѓе дека се согласни да чистат ВЦ шолји за тоа што бесплатно се закачиле на интернет.

За малку невеста на денот

25-годишна невеста откажува свадба од за сега необјавени причини. Свадба за која сè платено, а парите нормално дека не се враќаат. Се решава на потег кој е совршена комбинација на човечка добрина кон тие што немаат, и човечко зло кон тие што не враќаат платени пари.

Осаменоста на Реџеп Таип Ердоган

На 15-ти се обележа првата годишнина од неуспешниот пуч против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, настан кој од тогаш дополнително го отуѓи од неговите противници, пишува Сонар Конгапти во текстот за Атлантик.

Имате несоница? А која е смислата на вашиот живот?

Од разно-разни лекарства и народни иљачи, до чаша топло млеко пред легнување и други трикови, интернетот е преполн со совети како да се победи несоницата. Едно истражување предлага сосема поинаков пристап кон проблемот: најдете си смисла на животот.

Не, не може кучиња да ви се девери

Италијанска градоначалничка признава дека миленичињата знаат да им бидат битни пријатели на луѓето ама кога добила барање два булмастифа да ги носат венчалните прстени, пресекла: Претеравте. 

Убаво се живее од стравот од Русија

Романците им се пожалија на Американците колку им е блиску руската база во Севастопол, на Крим. Американците го смирија: спремете 4 милијарди долари и ништо не ви можат.

Двајца лути политички ривали се најдоа во ист затвор

Екс претседателот на Перу Фуџимори веќе десет години се наоѓа во затвор, специјално изграден за него. Но, министерството за правда пред некој месец најави дека ќе ги проширува капацитетите на затворот, не прецизирајќи за кого. Од пред некој ден, друштво на Фуџимори му прави човекот кој направи пуч против него.   

Што ќе се случи кога ќе умре британската кралица?

Британските медиуми се согласни во желбата господ да ја поживее, но согласни се и дека жената има 91 година и дека е родена во 1926-та, годината во која, на пример, умираат Рудолф Валентино и Худини. Лондонско „Метро“ минува нив сценариото, за да не биде некој изненаден.

Кофеин за сè што е предвремено

Кофеинот не е добар само за оние кои предвремено се разбудиле. Добар е и за оние кои предвремено се родиле.

Америка треба да ја отфрли идејата за Украина во НАТО

„Тоа е идеја која со текот на времето станува сè полоша“, вели една анализа објавена во Форбс во која на гео-стратегијата се гледа од чисто американска перспектива. Што е и логично бидејќи ако дојде до конфликт меѓу НАТО и Русија, западните надежи сигурно нема да бидат свртени кон воениот капацитет на една Црна Гора.

Како Азија пробува сообраќајно да се отпуши

Југоисточна Азија е еден од најлошите региони за градско возење и вистински хорор за учесниците во сообраќајот. Во тамошните гужви и закрчености се губат тони нерви и бензин. Се пробуваат различни решениа а најбољи Виетнам: се уплашил колку мотори ќе има за три години па ќе ги забрани.

За грам да биде долар и триесет

Од неделава Уругвајците можат да влезат во која било аптека во земјата и да купат владина марихуана по загарантирана цена од 1,30 долари по грам. И не ти треба никаков рецепт за тоа.

Бизнисот со вести е пред дното

Конзорциум издавачи на весници одлучи проблемот со пропаѓањето на бизнисот со вести да го решава со колективно преговарање со најголемите злотвори (и помагатели (и злотвори)) на медиумите - Фејсбук и Гугл.

Кога на парите им нема крај

Комкаст во месечната сметка наплаќа за ставка што се вика "Broadcast TV Fee", која го покрива трошокот на Комкаст за пренесување на бесплатните ТВ канали, ТВ канали што претплатниците можат да ги фатат и со виљушка во телевизор. По оваа ставка Комкаст годишно собира околу еден буџет на Македонија.

Израел го издаде Сорос

Виктор Орбан ја продолжува војната со Сорос ставајќи го на билборди. Израелскиот амбасадор во Унгарја им вика дека тоа не е убаво. Но, неговите шефови од министерството за надворешни работи, на Унгарците им викаат: Слободно терајте си вие со Сорос.