Како Азија пробува сообраќајно да се отпуши

Југоисточна Азија е еден од најлошите региони за градско возење и вистински хорор за учесниците во сообраќајот. Во тамошните гужви и закрчености се губат тони нерви и бензин. Се пробуваат различни решениа а најбољи Виетнам: се уплашил колку мотори ќе има за три години па ќе ги забрани.

Индискиот Бангалор е дом на огромен број вработени во меѓународни ИТ компании (800.000 жители на градот се поврзани со оваа гранка). Заради застоите, нивните главни клучки повеќе личат на паркинзи отколку на сообраќајници. Се проценува дека застоите лапаат 2% од градскиот БДП. Една од засегнатите ИТ компании неодамна објави меѓународен конкурс за решение. Учествуваа над 400 компании меѓу кои Микрософт, Гугл, Амазон.... Победи една помалку позната фирма со својот паметен систем на регулација на сообраќајот, кој се потпира на податоците во реално време од Гугл и мапите на Бинг. Се очекува оваа технологија да го скрати времето на чекање за 17%.

Виетнам реши дека забраната на моторцикли е решение за овој нивен национален проблем. Си даваат фора тоа да го комплетираат до 2030 година а во меѓувреме да го зголемат користењето на јавниот до 50%. На ваков чекор се решиле откако една студија им покажала дека во следните три години, само во Ханој ќе има 6 милиони моторцикли. На некои делници во градот денес можат да се избројат и до 2.500 моторчиња на еден километар.

Според извештај на Светската банка од 2015, Куала Лумпур, главниот град на Малезија на сообраќајни тромбози непотребно троши 1,2 билијарди литри гориво. Нивен главен проблем е што многу се по колите. Речиси сите домаќинства имаат еден а над 50% два или повеќе автомобили. Дневно се продаваат по 1.000 нови возила а 7 од 10 жители планираат да се подноват во следните две години. Бидејќи автомобилите им се статусен симбол, јавниот превоз го користат само 20% од жителите. Чарето го гледаат во брза обиколница околу градот а влегувањето (како во Лондон и Сингапур) во потесното градско подрачје да се наплаќа.

Пред две години, Џакарта беше прогласена за град со најужасниот сообраќај на светот. И тие полагаат надежи во брза обиколница која ја брзаат за до 2019 година. Одамна воведоа и „брз автобус“, систем со кој се пренесуваат по 350.000 патници секој ден.

Тоа.

Кај нас да можат да се забранат сообраќајните сељачишта би било супер. Само, што ќе правиме со речиси празни улици?

14 јули 2017 - 14:28