Давањето кофеин на предвремено родените бебиња го подобрува функционирањето на нивните бели дробови подоцна во животот. Така третираните бебиња, кога ќе наполнат 11 години имаат подобри резултати на дишењето отколку другите предвремени.
И претходни студии демонстрираа дека кофеинот делува како респираторен стимуланс кој моментално го подобрува ритамот на дишењето а и ја зголемува флексибилноста на дробовите и нивната способност да се растегнуваат и шират. Од тие причини се смета за корисен и во случаи на апнеа (неочекувано прекинување на дишењето неколку секунди).
Истражувачите од Мелбурн сакаат да ги повторат тестовите кај истите испитаници и кога ќе наполнат 25 години, кога растот на белите дробови кај човекот го достигнува својот врв.