Кога на парите им нема крај

Комкаст во месечната сметка наплаќа за ставка што се вика "Broadcast TV Fee", која го покрива трошокот на Комкаст за пренесување на бесплатните ТВ канали, ТВ канали што претплатниците можат да ги фатат и со виљушка во телевизор. По оваа ставка Комкаст годишно собира околу еден буџет на Македонија.

За најголем дел од критичарите, оваа давачка е чисти рекетирање од Комкаст кое на компанијата и носи околу 1,9 милијарди долари годишно.

Истите овие што го плукаат Комкаст, признаваат дека дел од претплатниците веројатно немаат антена на телевизорот или не се во домет на ТВ сигнал, па затоа кај нив е оправдано наплаќањето на 7 долари месечно. (Овие 7 долари се само дел од месечната сметка).

Она што никако не го оправдува Комкаст, ниту цицањето пари до претплатниците е што 89% од американското население е во подрачје покриено со ТВ сигнал, па немаат потреба од оваа услуга.

Комкаст има 22,5 милиони претпланици, а од пред некое време ставката "Broadcast TV Fee" ја поскапе од 5 на 7 долари.

14 јули 2017 - 10:50