Македонијо, пустино обновлива

Доколку глобалната клима затопли за 4 целзиусови степени, имаме две лоши и една добра вест за Македонија. Едната лоша вест е дека ќе бидеме пустина. Добрата е дека ќе бидеме супер за производство на соларна енергија. А другата лоша е дека Бугарите се многу поспремни да ја дочекаат таквата иднина.

 

Микронезија ја нема, потопена е од вода, Пакистан и јужна Индија се напуштени, Европа полека се претвора во пустина. 

Но, како што се гледа, не е сè така црно. Има и зелено, само на други места. Западен Антарктик веќе не е сурово ладен и ненаселлив а северна Канада, Сибир и Скандинавија стануваат прекрасни места за живеење, полни со житни и други полиња, за да се нахранат милионите бегалци од некогаш среќните краеви.

Мапата е стара 8 години но нам ни послужи како спотер, за да дојдеме до Бугарите денес. А тие денес имат своја база онаму каде што ќе биде фино за живеење, на Антарктик.

И базата им се вика - Свети Климент Охридски.

Кој не верува, нека кликне овде.

А ние ќе пишуваме „Ова е Македонија!!!“ по тоа соларните панели.

****
Види и: Бугарскиот колонијален сон

18 јули 2017 - 11:24