Појаснувајќи го терминот "чиста храна", авторот на текстот, Мајкл Истер, објаснува: "'чисто јадење' е исхрана базирана на органска, не-ГМО и етички одгледана храна која е без никакви адитиви. Популарна е меѓу јога мајките, хипиците од Хол фудс, и повремениот фитнес фанатик. Таа нуди "слабеење кое ќе трае цел живот" и ветувања на гвинетполтровска визија за добросостојба која ќе го 'ресетира' вашето здравје."
"Проблемот е што ова движење е целосно класно-дискриминаторски феномен - или по зборовите на еден од моите ученици израснати во Детроит 'Чисто јадење? Тоа е срање за богати белци'. Сепак и покрај недостаток на научни докази, чистото јадење го дефинира дискурсот околу здравјето и слабеењето.
И ова е лошо затоа што ако ги прифатиш идеалите на чистото јадење, ќе почнеш да мислиш дека не можеш да си дозволиш да се храниш здраво - органската храна е околу 40% поскапа од конвенционалната храна.
Како што објаснува нутриционистката од Пресижн нутришн, Криста Скот-Диксон: 'Нормално е да не можеш да си дозволиш да се храниш здраво - ако купуваш шишиња од 12 долари со зелен органски сок, без-ГМО,'" пишува Истер во колумната за Вајс.
Математиката што тој ја пренесува е дека 70% од Американците имаат преголема килажа, а само еден од десет ја јаде препорачаната количина овошје и зеленчук во текот на денот. Во најсиромашните сојузни држави тој процент е и понизок, "а додавањето дополнителни финансиски и пристапни бариери на ова воопшто не му помага на мнозинството од нив".
Робин Девис од Аризона Стејт универзитетот објаснува дека треба пристапот до овошје и зеленчук да се направи достапен и посакуван. Таа посебно има проблем (и омраза) кон терминот чисто јадење:
"Тоа е само за општествен статус. Тоа многу повеќе е 'подобар сум затоа што јадам чисто.'
Чистото јадење е преокупација на луѓе кои, во социјално-економска смисла, немаат никакви вистински, легитимни грижи. Тоа е проблем од првиот свет."
Остатокот од текстот