Димензијата на проблемот со несоницата е фрапантен ако се замисли дека во САД, околу 50 милиони луѓе секоја вечер се вртат во кревет, бројат овци, нозете им се ладни или перницата им е претопла. И тие 50 милиони напатени лица, такви ненаспани, утредента ќе излезат на улица, ќе возат коли и ќе одат на работа.
Истражувачи од медицински центар во Чикаго ги заинтересирала врската меѓу несоницата и чувството за имање смислен и целисходен живот. Особено ги занимале проблемите како апнеа и синдромот на уморни нозе кои не можат да се одморат. Апнеата е пореметување на дишењето во текот на спиењето (кога телото одеднаш ќе заборави дека треба да дише) а синдромот на уморни нозе кои не можат да се одморат е синдром на уморни нозе кои не можат да се одморат (кога ти вријат па само ги мрдаш).
Биле испитувани 825 лица, главно повозрасни, и мажи и жени, и белци и црнци. Без разлика на бојата на кожата, студијата покажала дека оние кои ја чувствуваат смислата на својот живот имаат 63% помалку шанси да развијат апнеа или немирни нозе. Истовремено, таквите луѓе и генерално имаат подобар квалитет на своето спиење од другите.
Бидејќи една од варијаблите е поседување чувство за смисла на својот живот, јасно е дека не се работи за некое клинички педантно утврдување објективни вредности. Научниците морале да се потпираат на одговорите на прашалник кој содржел прашања од типот: „Има луѓе кои бесцелно одат низ својот живот ама јас не сум еден од нив“.
Па сепак, ова истражување оди во прилог на последните трендови несоницата да не се третира само фармаколошки. Со оглед на тоа што смислата на животот е нешто што може да се култивира и негува, истражувачите веруваат дека со смислени терапии на оваа тема може да се развијат и ефикасни стратегии против несоницата.
Да се разбереме, наоѓањето на смислата не личи секогаш на хепиенд. На пример: