Масивна ама скроз, 1.000 пати поголема од кое било претходно истражување на човечкото движење. Благодарејќи на мобилните апликации кои ја следат дневната активност на човекот, луѓе од Стенфорд (еден од главните - Словенец) нурнале во податоците за 700.000 луѓе од 46 земји во светот.
Во просек, денешниот хомо сапиенс дневно прави 4,961 чекор дневно. Најмалку мрзлива нација е кинеската (особено оние во Хонг Конг), чии припадници прават по 6.880 чекори на ден. На другиот крај се луѓето од Индонезија, со двојно помала (кило)метража - 3,513 чекори дневно. Американците се под светскиот просек.
Мала дигресија:
„Целата поента на Америка е дека ако сакаш да јадеш ѓубре, да се надуеш 300 кила и умреш од инфаркт на 43 години - можеш! Слободен си да си го направиш тоа. За мене, тоа е прекрасно“ - големиот Рон Свансон во “Parks and Recreation”.
Националните просеци не откриваат многу за проблемот со дебелината (нагалено кажана прекумерна тежина). За тоа повеќе зборува големината на јазот меѓу најактивните и најмалку активните во една земја, што се нарекува движечка нееднаквост. Колку е поголем јазот, толку има повеќе дебели во средината.
Интересни се и родовите разлики. Во тој поглед, најумерено раздвижени се Швеѓаните.
„Во случаи каде движечката нееднаквост е најголема, женската активност се намалува многу подраматично од машката и затоа дебелината има поголем замав кај жените“, објаснува Јуре Лесковец од Стенфорд.