Уругвај стана првата земја на светот која комплетно го легализираше производството, продажбата и консумацијата на марихуана. Ама ваквото селект-ол решение доаѓа со сериозни ограничувања:
- Нема марихуана за странци и туристи.
- Нема "кофи-шопови" како во Амстердам.
- Нема колачиња, бонбони или што и да е од таа сорта.
"Наместо тоа владата на Уругвај разви модел на легализирање чија очигледна цел е марихуаната да биде што е можно подосадна," во смисла дека масовно бирократско тело ќе одредува сè од генетски состав на растенијата до процент на психотропни супстанци во нивниот цвет.
Објаснувањето на Уругвајците е дека нивната цел е најдат баланс меѓу прохибицијата и бујната марихуана-економија што никнува во некои американски сојузни држави, "каде добро финансирани бизниси може да имаат интерес да поттикнуваат консумација".
Во уругвајскиот модел тоа значи и дека секакво брендирање и рекламирање на комерцијалната марихуана е забрането. Двете приватни компании кои ја имаат добиено лиценцата за снабдување на аптеките со индустриски количини марихуана (4 тони годишно) не смеат да стават ни етикета на своите пакувања.
"Ризикот кај она што го прават во Колорадо е дека ќе завршат со нешто што наликува на тутунската индустрија. Тука концептот е тотално поразличен.
За нас е марихуаната е растителна супстанца со способност да создаде зависност, па ние се обидуваме да го контролираме производството, дистрибуцијата и консумација на таа супстанца што можеме подобро," објаснува еден од авторите на уругвајскиот модел на легализација, Хулио Калзада.
Новите правила почнуваат да важат од втората половина на јули, и со нив секој постар од 18 години што сака да купи марихуана се регистрира во владина база. Секој од нив има лимит од 40 грама месечно, а при купување наместо лична карти или слично, тие со отпечаток на прстот се пријавуваат во базата, од каде на аптекарот му се враќа информација колку од месечното следување му останало на купувачот. (Според упатени извори 1 грам е доволен за два - три "големки" џоинти.)
До сега во базата се регистрирани над 4.600 Уругвајци, ама властите очекуваат повеќе "кога корисниците ќе сфатат дека производот продаван во аптеките е супериорен во однос на ниско-квалитетната трева достапна на улица."
Малиот број се објаснува и со тоа што во целата заплетканост на уругвајската легализација, во земјата иако на пример е забрането производство и продажба на лекарства базирани на марихуана, во исто време дозволено е дома да одгледуваш марихуана за лична употреба. Тука ограничувањето е 6 стебленца по човек, и за ова се имаат пријавено речиси 7.000 луѓе. Третата опција што ја нуди законот е членување во клубови кои на своите членови им обезбедуваат месечна залиха марихуана, која најчесто е поквалитетна и посилна од онаа што се продава во аптеки.