Откако го вадат страното тело гледаат дека им е познато ама никогаш го немаат видено во таква форма. Излегува "телото" се 17 контактни леќи залепени една за друга. По кратко, тие наоѓаат уште едно купче од 10 леќи.
Она што дополнително ги изненадува докторите во болницата во Бирмингем е дека пациентката не се пожалила на никаква иритација во окото, само дека не догледува.
Според извештајот објавен во Британскиот медицински журнал, жената носела леќи околу 35 години, и неколку недели откако и го извадиле купчето пластика од око изјавила дека очите и биле многу подобри.
Предупредувањето од нејзиниот офталмолог е дека целиот случај треба да е опаметување за сите што не одат на редовен преглед за очи.
Една од забелешките на докторите околу извештајот се однесува на докторот што ја упатил пациентката на операција и колку бил истиот компетентен штом не забележал туце леќи во нејзиното око.