
Секој ден, буквално насекаде, секој рил, секое видео, запис, клип, вотевр... од легнување до заспивање... е со:
1. Станав во 5;
2. Вежбав;
3. Јадев грик јогурт со обезмастени трици од камила;
4. Прочитав 4 книги;
5. Зготвив за децата;
6. Се маткаат некои ликови кои личат како икони, феноменални тела, прекрасни фаци, гардероба, стомачни ренде;
7. Гармин 40 000 степс, 800 000 калории, спиење 8 часа и 2 секунди...
Да не продужувам... мислам јасно ви е што зборам...
Тие луѓе што ги гледате, јас не ги следам... ме нервираат... уствари ги жалам - ама тоа е друга тема...
- ВЕ ПРАВАТ НЕСРЕЌНИ...
ДА, НЕСРЕЌНИ... ти да гледаш некој кој живее како саат, со таа дисциплина, со тоа темпо... во овој живот... па уште и книги чита меѓу оброци... дај бе, те молам... и секој 5-ти клип е таков... А ЧОВЕЧКИ Е ДА СЕ СПОРЕДУВАШ СО ТОА ШТО ГЛЕДАШ... Каде води тоа? Освен кон споредба со нешто кое не го стигаш - никад! Автоматски си несреќен.
Абе какви книги, стомачни, среќа, деца, готвење... тој камера има... го снима... тој е реален на клипот како насмевката на Северина на бродот... снима , па монтира, па буста, па плаќа, па имаат екипи - оние најубавине... не си тоа ти! Ти што немаш време да се издепилираш... ти се споредуваш со нив... батали тоа! Нит ти треба- ни па е среќа тоа... Не!
Секој од нас е убав чоек...
Универзална убавина - не постои...
И тие со стомачните - прдат од протеинот и белките , па тоа смрди... а некој со мев - ќе те однесе на каре или бифтече - па ќе си испиете по една чаша Пино Ноар или Мерло, а ако разбира подобро ќе нарача некој Зинфандел... јас Ви гарантирам дека поубаво ќе си поминете од тоа броењето серии и легнување у 22ч и станување пред петел да запее...
Ич... игнорирајте тоа...
Не се споредувајте... вежбање - да... ама не споредување! Тоа ви се депресиите! Несреќата! Гладувањата! Несакање на себе си, мразење на своите тела, лоша самодоверба!
Нека си тераат они нивен живот... алал да им е! Секоја чест! Чао пријатно! Ти си имаш свој живот- уникатен.
Па и на деца оди тоа- види го на Панче син му - како игра фудбал... Анисија е балерина... тебе не те бива... твое дете е тоа - најубаво, најдобро, најпаметно - како кога ѝ дале јаболко на Индијанката у Аргентина и ѝ рекле - дај го јаболкото на најубавото дете и она на синчето нејзино го дала... а ги собрале најубавите деца у цела Аргентина.
Абе бидете среќни! И со мев и со подбрадок и со брчки, целулит, спојлери, супер се децата, убав ви е станот…убави сте! Среќни бидете- доволно е за овој живот!