Вести

Враќање на Гестапо

Германија ја урива бариерата меѓу полицијата и тајните служби, поставена после ерата на Хитлер. Германскиот кабинет одобри пакет нацрт-закони од 700 страници со кои масовно се прошируваат овластувањата на нејзините домашни и странски разузнавачки агенции. „Ги претвораме нашите разузнавачки служби во вистински тајни служби“, гордо рече за реформата сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Речник

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Гнилоста на американската политика направи Трамп да изгледа свежо

За милиони американски гласачи претседателот на заминување изгледаше како човек волен да ги прекрши правилата за да се бори против расипаниот систем.

Кога Џорџија заврши со еден мртов и три живи гувернера истовремено

Некои ќе помислат дека вакви натегања околу победникот на изборите во САД какви што има сега, досега не биле видени. Џорџија би рекла: држи ми го пивото. Урнебесно комплицирана ситуација, со елементи на ситком, водвиљ и трилер. 

Американските кина се мртви ако не влета Конгресот

2.900 независни кино сали во САД  кои моментално се затворени поради пандемијата, порачуваат дека без државна помош која би требало да стигне ASAP. веќе во јануари го оставаат катанецот за стално.

Најголемиот биткоин паричник го поседува - ФБИ

Во септември, ФБИ го затвори црниот онлајн пазар за дроги Silk Road и почна да ги запленува биткоините кои гои поседуваше операторот на пазарот Dread Pirate Roberts зад кој стои Американецот Рос Улбрихт. И сега бирото има биткоини колку сакаш.

Фанатиците немаат право да цензурираат критичари, ама нема ни Макрон

Начинот на кој францускиот претседател одговори на Исламот е исполнет со хипокризија и нелиберализам, пишува Кенан Малик во критиката за Гардијан.

Каде се протестите?

Може ли сега да ги симнеме шперплочите од излозите? Бидејќи Бајден е на пат кон Белата куќа, може ли сега повторно да ставиме роба во излозите на нашите продавници, уверени дека 'главно мирољубивите' демонстранти нема да палат или пљачкосуваат, се прашува во едиторијалот на Вол стрит журнал.

Фајзер: Имаме вакцина која е 90% ефикасна

„Ова е голем дел за човештвото“, објавија Фајзер и БиоНТек соопштувајќи ги првите привремени резултати на големо истражување на ефикасноста на вакцината на која работат. 90% било повеќе отколку што очекувале.

15-то па женско

По речиси три децении брак и 14 машки деца, брачен пар од Мичиген деновиве (од ним познати причини) конечно доби ќерка.

Неработна недела е само ловиште за популисти и демагози

Малку работи фатија, ама тие што ги фатија, брилијантно ги утнаа. Неработна недела е  уште една демагошка парола околу која лесно се сојузуваат политичари од спротивставени табори. Добро, ќе бидат ли и рампите на патарините дигнати во недела, зашто и тие работници се луѓе? Плус, така полесно ќе биде да се оставаат пари за шопинг во - Солун.

Трамп веста за поразот ја доби на голф терен

За време на кампањата 2016 Трамп инсистираше дека ретко, ако и воопшто, ќе игра голф доколку стане претседател, затоа што едноставно ќе биде презафатен со работа. За време на 4-те години мандат, Трамп ретко кога пропушти шанса да биде на голф терен. Во саботата, таму и ја дозна веста дека Бајден е следниот претседател на САД.

Словачка во декември ќе прави тестови за ковид-19 на сите 5,5 милиони граѓани

Целта на тестот во декември е да се провери состојбата во земјата и дали владата може да ги олесни рестрикциите воведени заради пандемијата, изјавил премиерот Игор Матович.

Грчкиот поп во Лион бил застрелан заради швалерај

Француското обвинителство објави дека осомничениот кој признал дека пукаше во грчкиот поп во Лион, тоа го направил заради лични недоразбирања.

Џо Бајден победи на изборите во САД

Во 11:25 по источно време (17:25 по македонско), Асошиејтед прес објави дека Бајден победил во Пенсилванија, и со тоа дека ги освојува и изборите во САД.

Путин се сака со доживотен имунитет

Група руски пратеници, сами од себе, истовремено, дојдоа на идеја да предложат закон кој доживотно ќе им даде имунитет на сите руски претседатели по завршувањето на мандатот.

Луѓето што ставија милиони долари кладба на Бајден и Трамп

Во САД кладењето на избори не е дозволено, ама затоа Европа и Азија растурија со ставање ливчиња на исходот од претседателските избори.

Трамп ѝ обезбеди иднина на Републиканската партија

Која е сега „вистинската работничка партија на Америка“,  се прашува Мат Таиби анализирајќи ги резултатите на Трамп кој наспроти сите учени анализи, изгуби заради недоволната поддршка на белците, додека кај сите други помина одлично. Изгуби и заради пандемијата но на оние кои им е најважна економијата, тој убедливо им е поуверлив од Бајден.  

Рака која стиска, не се суши

Научници од јапонскиот Универзитет Гифу креирале роботска женска рака за осамени мажи. Дека ним им треба да сменат рака, тоа е јасно, ама оваа ја скроз утнува поентата. Ќе имало и верзија за жени и ќе мирисала малку на моторно масло, малку на скара. Да, вакцина за корона сè уште нема.

Победник на американските избори е - марихуаната

Можеби уште не знаеме кој е следниот претседател на САД но во сите сојузни држави во кои се гласаше и за декриминализација на марихуаната, предлогот победил. А во Орегон додале и кокаин и хероин.

Дрогата победи на изборите во САД

Освен за претседател, на изборите се гласаше и за стотици закони, меѓу кои дел се однесуваат на наркотици, од лесни до најтешки, и многу од нив пројдоа.

Додека не почнале да ни ги читаат мислите

Низ процедурите на шкотскиот парламент регуларно созрева нов закон со кој не само што ќе се криминализира говор на омраза кон дузина теми туку ќе се криминализира и говор на омраза изречен по дома. 

Ризикот за Бајден е дека и да биде претседател, ќе биде безгласна буква

Вистинската лекција од рекордно бројната излезност во вторникот и се уште тековното броење гласови е дека Америка е горко, силно, речиси еднакво поделена и дека речиси не може да се владее со САД.

И Трамп да изгуби, Демократите не го победија

Овие избори повеќе се национален референдум за Трамп и неговите радикално поинакви политики, отколку избори меѓу два кандидата. Во таа смисла, со оглед на бројот на црни и латино гласови кои Трамп ги додаде на свое конто, Демократите не можат да бидат задоволни со исходот на референдумот.

Што ќе се случи ако американските избори завршат на Врховен суд?

Во 2016 победникот на изборите во САД беше прогласен околу 2 и пол часот наутро (по источно време). Сега трката уште трае, Белата куќа објави дека претседателот се повлекува и нема повеќе да дава изјави за денес, меѓутоа тој претходно најави дека ако треба ќе ги оспори резултатите и пред Врховниот суд.

Некој само што испразни биткоин паричник со 964 милиони долари во него

Не е познато дали во прашање е хакер што го направил грабежот на векот или некому одеднаш му текнало дека има речиси милијарда долари во биткоин.