Грчкиот поп во Лион бил застрелан заради швалерај

Француското обвинителство објави дека осомничениот кој признал дека пукаше во грчкиот поп во Лион, тоа го направил заради лични недоразбирања.

40-годишниот осомничен изјавил дека попот имал љубовна врска со неговата сопруга.

Се работи за 52-годишен поп кој на 31 октомври два пати беше застрелан со кратка сачмарка пред црква во францускиот град.

Осомничениот е идентификуван дури откако попот во средата се разбуди од кома и разговараше со полицијата. Нападот врз попот следуваше три дена откако во црква во Лион три лица беа убиени со нож од исламистички терорист.

Во случајот од Лион, напаѓачот е мигрант од Грузиска националност, кој бил уапсен во неговиот дом во истиот град.

Верзијата со швалерајот ја потврдува и тамошното обвинителство, а осомничениот изјавил дека немал намера да го убие попот, кој бил во врска со неговата сопруга, инаку 35-годишна Русинка.

Попот кој закрепнува од операцијата уште пред еден месец објавил дека поднесува оставка во црквата.

8 ноември 2020 - 02:11