Во американскиот Конгрес постојат две иницијативи во кои се вперени очите на оние кои оперираат со кино сали и слични дејности.
Првиот е "Restart Act" со кој се предвидува 6 месечно покривање на платите и оперативните трошоци со заеми за кои се предвидува галантен седумгодишен рок за враќање.
Вториот е „Save Our Stages Act“ кој веќе има сериозна поддршка и со кој се предвидува великодушен грант од 10 милијарди долари за операторите на сали за живи настапи, продуцентите, промотерите и менаџерите на артисти.
„Значаен процент од нашите членови - веројатно околу 70% од малите и средни компани - ќе мора да прогласат банкрот или да смислат нов бизнис веќе во јануари“, предупреди првиот човек на националната асоцијација на сопственици на кино сали.
Студена ќе биде зимата за кината. Некои големи филмови од кои се очекува спасоносен прилив на кеш неколкупати ги одложуваа премиерите. Дизни неодамна помести два очекувани блокбастери за следната година: „Free Guy“, со Рајан Рејнолдс и „Death on the Nile“, со Кенет Брана и Гал Гадот.
Некои студија сè уште се надеваат дека ситуацијата со пандемијата ќе биде подобрена до Божиќ за кога се најавени некои големи премиери како онаа на „Wonder Woman 1984“ со Гадот а спасоносна инекција се очекува и од следниот Бонд кој е најавен за јануари 2021. Ако тој изрика, остава дупка од 250 милиони долари колку што биле потрошени за негово снимање.