Девојчето е родено 3,4 килограми и е живо, здраво и без никакви проблеми (освен што до матура ќе има за доизносување алишта од 14 браќа).
Родители се Катери и Џеј Швандт, двајцата по 45 години и се пресреќни што нивното семејство добило и ќерка.
15-то дете на Швандтови ќе се вика Меги Џејн. Нивниот најстар син, Тајлер Швандт, има 28 години.
Катери и Џеј се пар уште во средно. Се венчаат во 1993, и заедно одат на факултет. Уште пред да дипломираат тие веќе имаат три сина.
За сега нема никакви дополнителни информации за тоа како ги дорануваат, облекуваат и колку пари е да ја однесеш цела фамилија во кино или на вечера.
14-те синови се: Томи, Келвин, Дру, Тајлер, Зак, Брендон, Гејб, Вини, Весли, Чарли, Лук, Финли, Такер и Франциско.
Целото семејство живее на фарма во руралниот крај Лејквју, во близна на Гранд Рапидс.
Меѓу другото имаат сајти и Јутјуб канал, кој повеќе е за снаоѓање во природа и на фарма, отколку за снаоѓање со 14 деца.