Оштетените либерални срца може привремено да закрепнат од фактот дека Џо Бајден доби повеќе гласови отколку кој и да е во претседателската историја на САД, се додека не дознаат дека Доналд Трамп е на второ место, минувајќи го дури и бројот на гласови што Обама го доби во 2008.
Претседателот Бајден во најдобар случај би имал нестабилен мандат. Прашањето е што може да направи со него. Одговорот е, многу помалку што дури и тој - најумерен од демократските кандидати - се надеваше. Освен ако не се случи сериозна промена републиканците ќе ја задржат контролата на Сенатот. Бајден ако има среќа ќе може да истурка само делови од својата агенда.
Вторникот вечерта ги остави разрушени надежите за епохални промени на американските прогресивци, а не треба да се заборави дека гласовите се уште се бројат во уште неколку сојузни држави.
Нема шанси Бајден да може да спречи „филибастер“ (блокада) од Сенатот, да додаде нови сојузни држави кон САД како Порторико или Областа Колумбија, или да го зголеми бројот на судии во Врховниот суд. Доколку се случи да има празно место во судот, Мич Мекконел, републиканскиот лидер на Сенатот, едноставно може да го блокира кандидатот на Бајден. Најдоброто на што може да се надева Бајден е скромен пакет за стимул.
Во меѓувреме тој треба да се избори со сегашниот станар на Белата куќа. Шансите дека Трамп ќе признае пораз се многу слаби. Тој може преку пребројувања и тужби да изедначи во сојузните држави каде што изгуби со мала разлика. А малку е веројатно и дека ќе понуди соработка за време на 11-неделната транзиција.
Бајден веројатно ќе треба да го почне својот мандат без неговиот претходник да му „предаде смена“. Сомнежот е дека Трамп, на пример, не би ми ги предал на Бајден документите за тоа до каде е со откривањето на вакцината за коронавирусот. Најдоброто на што Бајден може да се надева е дека Трамп тивко ќе се повлече откако низ шредер ќе минат планини документи од Белата куќа.
Претседателството на Бајден ризикува да заглави меѓу две непомирливи сили - тврдоглаво утврдена трамповска десница и разбеснетата демократска левица. Отрезнувачкиот контраудар од веројатниот тесен пораз на Трамп е дека ниту еден од неговите соучесници не ги стигна истата судбина.
Линдзи Грем, сенаторот од Јужна Каролина, беше реизбран со лагодна предност, а исто и Мич Мекконел. Демократите најверојатно изгубија места во Претставничкиот дом. Новите републикански конгресмени се повеќе трамповски расположени и од самиот Трамп, а меѓу нив има и симпатизерка на КуАнон. Секоја веројатност дека овие избори ќе ја растераат републиканската треска, како што Обама тоа еднаш го кажа, се уништени.
Па што би можел претседателот Бајден да направи? Краткиот одговор е да се труди да најде некаква средина во Америка која повеќе изгледа дека не постои. Договорите направени со Мекконел ќе ја оддалечат демократската левица. Сепак кога нема дури ни обид за меѓупартиска соработка, многу малку може да биде постигнато
Ова му дава предност на Мекконел. Некои работи, како сојузниот план за коронавирусот, можат да се завршат со извршна наредба. Други, како именувања на клучни позиции, ќе мора да бидат завршени со одобрение од Сенатот. Би било паметно за претседателот Бајден да назначи барем еден или двајца републиканци во својот кабинет. Левицата ќе го мрази тоа.
Идниот претседател би имал слобода да маневрира само во надворешната политика. И таму лежи парадоксот. Репутацијата на американската демократија беше прегазена на светска сцена. Изборите 2020 е малку веројатно дека ќе го поправат тоа. Странците знаат дека американската политика е рововска битка во која секоја страна успева да направи мали продобивки по многу голема цена. Големите групирања се минато.
Сепак светот повеќе ќе ја почувствува промената на Америка отколку најголемиот дел од Американците. Бајден вети дека ќе поправи половина од она што Трамп го разруши. Тој повторно ќе се приклучи кон Климатскиот договор од Париз, во СЗО и веројатно ќе се придржува до иранскиот нуклеарен договор. Меѓутоа шансите дека тој ќе може да ги крене минималните плати се речиси еднакви на нула. Повисоки даноци на најбогатите се избришани од менито. Духот на Трамп ќе ја следи Америка на Бајден.