Најголемиот биткоин паричник го поседува - ФБИ

Во септември, ФБИ го затвори црниот онлајн пазар за дроги Silk Road и почна да ги запленува биткоините кои гои поседуваше операторот на пазарот Dread Pirate Roberts зад кој стои Американецот Рос Улбрихт. И сега бирото има биткоини колку сакаш.

Заплената разгори јавна дебата за иднината на биткоинот, светски најпознатата дигитална валута но истовремено таа доведе до ситуација ФБИ да го поседува најголемиот биткоин паричник.

Американското федерално истражно биро сега на една адреса поседува над 144.000 биткоини кои вредат близу 100 милиони долари. На друга адреса на Силк Роад, фатена порано. има речиси 30.000 биткоини, што е 20 милиони долари

Ова не го прави ФБИ најбогатиот биткоин сопственик. Таа титула и натаму ја има контроверзниот инвентор на биткоин, познат под псевдонимот Сатоши Накамото, кој има ископано 1 милион биткоини во раните денови на валутата, но ФБИ сега е пред Камерон и Тајлер Винклвос кои во јули соопштија дека поседуваат околу 1% од сите биткоини (во циркулација се околу 12 милиони).

Сатоши го држи богатството на огромен број адреси, на повеќето од нив нема повеќе од 50 биткоини. Тоа е логистичка ноќна мора но е побезбедно решение: ако хакер успее да влезе во една, нема да собере сè.

Сосема обратен беше случајот за кој пишувавме неодамна, за празнењето на биткоин паричникот со 964 милиони долари во него.

Денес постојат 246.377 биткоин адреси со барем еден биткоин на нив. Пред една година, бројот изнесуваше 159.916. Иако некои претпоставуваат дека најголемите биткоин адреси ги поседуваат таканаречените биткоин диносауруси, оние кои копале во раните денови кога со еден обичен компјутер можеше да се ископаат илјадници биткоиини, речиси ниеден од топ 10 биткоин адреси не одговараат на ваквиот профил.

9 ноември 2020 - 21:00