Каде се протестите?

Може ли сега да ги симнеме шперплочите од излозите? Бидејќи Бајден е на пат кон Белата куќа, може ли сега повторно да ставиме роба во излозите на нашите продавници, уверени дека 'главно мирољубивите' демонстранти нема да палат или пљачкосуваат, се прашува во едиторијалот на Вол стрит журнал.

Сакаме ова да го прашаме во име на сопствениците на продавници низ урбана Америка од Беверли хилс до Менхетен, кои ги покрија своите излози со шперплочи во очекување на пост-изборното насилство. Откако Бајден победи во пребројувањето на гласовите, одеднаш, нема никакво или пак има многу ситно насилство. Наместо тоа улиците во саботата беа исполнети со луѓе кои го слават демократскиот резултат што го посакуваа.

Симпатизерите на Трамп си останаа дома. Нема сомнеж дека тие беа разочарани, можеби дури и гневни. Меѓутоа веројатно тие ги прифаќаат резултатите како несреќни но сепак како цена за живеење во демократска република. Некогаш твојот кандидат ќе изгуби.

Дали ќе беше исто ако Доналд Трамп победеше? Го знаете одговорот. Протестите ќе беа страшни, веројатно полоши и од оние од почетокот на годинава. А медиумите и голем број демократски политичари ќе ги поздравуваа, или барем немаше да им пречат како што не им пречеа цело лето. Ним за немирите виновен ќе им беше Трамп.

Сето ова го открива обемот во кој годинешниве протести беа дел од политичка стратегија. Тие можеби започнаа како протести против смртта на Џорџ Флојд и полициското малтретирање на црнците. Меѓутоа како што немирите се одвиваа, целта на голем број демонстранти и нивните навивачи беше да се покаже дека земјата под Трамп станала невозможна за владеење.

Целта беше на Американците да има се каже дека ставањето крај на немирите бара промена на власта. Може дури и да го наречеш и насилна увертира на времето за зацелување.

Вол стрит журнал

9 ноември 2020 - 14:45