Фајзер: Имаме вакцина која е 90% ефикасна

„Ова е голем дел за човештвото“, објавија Фајзер и БиоНТек соопштувајќи ги првите привремени резултати на големо истражување на ефикасноста на вакцината на која работат. 90% било повеќе отколку што очекувале.

Високиот процент на испитаници кои добиле заштита од вакцината ги прави резултатите на истражувањето доста уверливи, пишува британски Гардијан. Регулаторните агенции претходно порачаа дека ќе одобрат вакцина која ќе има и само 50% ефикасност, односно дека од зараза ќе штити барем половина од луѓето кои ќе ја примат.

Произведувачите на вакцината тврдат дека не се забележани посериозни нуспојави.

„Дојдовме до критична точна во развојот на вакцината, во момент кога на светот најмногу му треба, кога стапките на инфекција достигнуваат рекордни нивоа, болниците се ближат до целосна исполнетост а економиите се обидуваат да продолжат да функционираат,“ вели доктор Алберт Бурла од Фајзер.

Со оглед на тоа што третата фаза на испитувањето продолжува, можно е процентот на ефикасност во меѓувреме да претрпи промени. Оваа фаза опфаќа 43.000 испитаници а од компанијата тврдат дека вакцината подеднакво добро штити луѓе од сите етнички заедници.

Собирањето на податоците за безбедноста на вакцината би требало да трае до третата недела на ноември по што податоците ќе му бидат испратени на регулаторот кој треба да ја одобри вакцината. Тоа би значело дека здравството ќе ги добие првите дози до крајот на годинава.

9 ноември 2020 - 14:22