Луѓето што ставија милиони долари кладба на Бајден и Трамп

Во САД кладењето на избори не е дозволено, ама затоа Европа и Азија растурија со ставање ливчиња на исходот од претседателските избори.

Од целата неизвесност околу изборите до сега ќар имаат кладилниците кои и понатаму можат да примаат кладби на победникот на изборите во САД.

Иако има неколку што ставија над еден милион долари, до сега Бетфер ексчејнџ, најголемиот сајт за кладење во Британија има примено кладби на Трамп или Бајден во вкупен износ од околу 634 милиони долари. За споредба во 2016 беа ставени 257 милиони долари.

Според шансите, Одсчекер уште во мај го прогласи Бајден за победник на изборите, заради што има и низок коефициент. Тогаш Њујорк тајмс објави дека за да се заработи 1 долар на Бајден треба да се стават 2 долара кладба на него, што значи дека Бајден по овие пресметки имаше 66% шанси да победи.

Инаку британски Сан пред изборите објави дека поранешен банкар искористил приватен букмејкер регистриран на карипскиот остров Куракао за да стави 5 милиони долари на Трамп. Ако му се оствари предвидувањето, тој ќе добие награда од 15 милиони долари. Наводно банкарот кладбата ја ставил по „приватна консултација со инсајдери во кампот на Трамп“.

Друг Британец пак ставил 1 милион долари на Бајден, и се очекува дека ќе заработи 1,98 милиони долари ако го погоди исходот.

 

6 ноември 2020 - 20:16