
Предлогот е поранешните руски претседатели (Путин) да имаат имунитет од кривично гонење за каков било прекршок што тој го направил во својот живот. Одземањето на оваа заштита би била возможна само со дво-третинско мнозинство. Моментално поранешните руски претседатели имаат имунитет само за времето додека биле на функција.
Ова е втор закон во рок од една недела кој предвидува специјални овластувања за поранешниот претседател. Во саботата Путин застана зад законот кој на поранешниот претседател би му овозможил доживотно место како сенатор во Советот на руската федерација, позиција која исто така доаѓа со доживотен имунитет.
Пред неколку месеци Русија ги прифати уставните амандмани кои го ресетираат бројот на мандати на Путин, и му овозможуваат уште два пати да се кандидира за претседател. По ново тој би можел да остане на позицијата до 2036, кога ќе има 84 години.
Во 2000 една од првите одлуки на Путин по доаѓањето на власт беше да му даде имунитет на Борис Јелцин по речиси сите можни основи.
Освен Путин моментално има само уште еден жив поранешен руски претседател, Дмитри Медведев, чиј мандат траеше од 2008 до 2012, по што направи рокада со Путин и се врати на премиерската позиција.