Гласачите во Аризона, Монтана, Њу Џерзи и Јужна Дакота гласаа за легализирање на марихуаната за рекреативни намери а во Мисисипи и Јужна Дакота (одделно од целосната легализација) била изгласана легализација на медицинската марихуана.
Во Oрегон гласачите изразиле волја за декриминализација - не и легализација - на сите дроги, вклучително на кокаинот и хероинот. Во пакетот опфатен и е и псилоцибинот, психоделичната супстанца која ја содржат магичните печурки, кој, под надзор, ќе може да се користи за терапевтски цели.
Со ова гласање, Орегон стана правата американска држава која ги легализираше сите дроги во модерната историја. Поконкретно, тоа значи дека оној кај кого ќе се најдат мали количини дроги, нема да заврши во затвор и да се тегне по судови туку ќе треба или да плати казна од 100 долари или да се подвргне на комплетна здравствена проценка во некој центар за одвикнување од зависности.
Марихуаната сега е легална во 15 сојузни држави и во Вашингтон, иако Вашингтон уште не дозволува продажба.
Во сите држави во кои покрај претседателските избори постоеа и вакви прашања, предлозите на промена на односот кон марихуаната победија со убедливо мнозинство од преку 5%, спротивно на големиот избор меѓу Бајден и Трамп кој се решава со промили.
Благонаклоностa на денешната американската јавност кон марихуаната се прелева преку партиските фронтови. Неколку држави кои му дадоа убедлива победа на Трамп, истовремено се покажаа како силни подржувачи на легализацијата.