Во 1946 година, Јуџин Талмаџ - кој претходно во два навати бил гувернер - влегува во трет обид да ја води Џорџија. Трката се одвива меѓу два различни Демократи, поконзервативниот Талмаџ и попрогресивниот Џејмс Кармајкл. Талмаџ освојува 43% а Кармајкл 45%. Остатокот се 12% гласачи кои допишале друг кандидат за што по тамошните правила имаат право (таканаречени write-ins).
Но, по тогашниот изборен модел во оваа држава, не победува оној со најмногу гласови туку цела држава е поделена на серија дистрикти кои даваат електори, слично на националниот модел. Две децении подоцна, Врховниот систем го прогласува ваквиот систем на Џорџија за неуставен, но во таа 1946 година, системот му дава победа на Талмаџ, 59% на 36%.
За жал, Талмаџ умира пред инаугурацијата што предизвикува бурлескна политичка криза која трае три месеци. Според уставот на Џорџија од 1945 година, доколку почине гувернер, овластувањата ги презема вице-гувернерот. Но уставот не предвидува кај кого оди власта ако гувернерот почине пред инаугурација.
Кога Талмаџ умира 24 часа пред инаугурацијата, законодавците решаваат да се организира решавачка рунда меѓу второпласираниот (Кармајкл) и третопласираниот кој дополнително треба да се утврди. Таа сесија трае цела ноќ и спротивставените страни ги пробале сите валкани трикови, меѓу другото да ги опијанат па дури и издрогирааат противниците.
Кој испаѓа третопласиран? Херман Талмаџ, син на штотуку упокоениот Јузуин Талмаџ! Тој ја помагал кампањата на татко му, но приватно лобирал меѓу пријатели да го допишуваат неговото име на гласачките ливчиња, бидејќи бил упатен во состојбата на кревкото здравје на татка си.
Во два по полноќ, законодавците го изгласуваат Херман Талмаџ за победник и иден гувернер. Дури сега работите стануваат чудни бидејќи сега се јавува втор човек кој тврди дека тој е законски гувернер.
Се работи за дотогашниот гувернер Елис Арнал кој бил прогресивец како Кармајкл и непријател на стариот Јуџин Талмаџ. Кога синот Херман положува заклетва, Елис Арнал соопштува дека ќе не планира да замине и дека ќе остане на позицијата.
Настанува жестока тепачка меѓу фракциите на Талмаџ и Арнал. Првите успеваат да ја заземат забарикадираната канцеларија на Арнал а тој со полиција е спроведен до дома, додека новите станари во неговите канцеларии менуваат брави. Но, Арнал утредента се враќа и решава да импровизира кабинет на вистинскиот гувернер, во ротондата на зградата. Весниците известуваат дека тој ден, Херман Талмаџ, претпоставувајќи дека Арнал нема веднаш да се откаже, дошол на работа со пиштол Смит и Весон на појас.
Чекајте, има и трет.
За вицегувернер е избран Мелвин Томпсон. Но, на тој човек не му е близок популизмот на Талмаџ. Откако Томсон положува заклетва, Арнал поднесува оставка по што Томсон се прогласува себе за гувернер, повикувајќи се на она решение дека во отсуство на гувернер, главен станува вице-гувернерот.
Цели 64 дена по денот на инаугурацијата, Врховниот суд на Џорџија се согласува со ваквата одлука.