Врховниот суд на САД би решавал само ако има случај на неправилности околу гласањето кој би можел да влијае на крајниот исход.
Секоја сојузна држава има право да побара пребројување на гласовите но само доколку се работи за разлика од 0,5 до 1% во зависност од локалниот закон.
Она што го интересира Врховниот суд е сите овие процедури и пребројувања да завршат до 8 декември, кога процедурата за прогласување на претседател на САД преминува во Конгресот, по што на 14 декември се среќаваат претседателските електори.
Што се однесува на заканите на Трамп дека ќе тера правдина пред Врховниот суд, ниту една тужба не оди директно пред Врховниот суд туку мора да се истера целата процедура од основните или федерални судови.
Барањето на Трамп од утрово, по основа дека се товараат гласови за Бајден, е да се престане со броење на гласовите, нешто што не можеше, ниту беше спроведено. Во 2000, на спорното гласање во Флорида за Буш и Гор, Врховниот суд го прекина пребројувањето на гласовите но дури кон средината на декември, заради неопходноста да се испочитуваат други клучни рокови од процедурата за именување на нов претседател на САД.