Додека не почнале да ни ги читаат мислите

Низ процедурите на шкотскиот парламент регуларно созрева нов закон со кој не само што ќе се криминализира говор на омраза кон дузина теми туку ќе се криминализира и говор на омраза изречен по дома. 

Криминал на омраза и јавен ред е наслов на контроверзниот закон кој се наоѓа во фаза на прво читање и веќе наиде на остри реакции кај членови на парламентот.

Предлогот е да се казнува секој говор на омраза поврзан со возраст, инвалидитет, религија, сексуална ориентација, трансџендер идентитет и разни варијации во сексуални карактеристики, вклучувајќи потенцијален говор на омраза изговорен во приватно место на живеење.

По сериозните критики дека вакво решение ја загрозува слободата на говорот и изразувањето, министерот за правда Хумза Јусаф предложи некои формулации да бидат ублажени во подоцнежната, амандманска расправа по законот. 

Против овој закон, секој од свој агол се побунија од разни страни и се создаде една шаренолика групација, од ББЦ Шкотска, преку католичките бискупи па до федерацијата на шкотските полицајци.  

********

Види и:

Во 2020 да се пазиме од полицајците на нашите мисли

5 ноември 2020 - 22:47