Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Авганистанскиот министер што на време се спаси и се вработи во Германија

Сајед Амад Шах Садат е авганистански министер за информатика и технологија од 2018 до 2020 кога заради конфликт со претседателот Ашраф Гани поднесува оставка и заминува од земјата. Моментално живее во Лајпциг и работи како - разнесувач на пица.

Американските разузнавачи открија ништо околу потеклото на коронавирусот

По спроведената истрага на барање на Бајден, целосната американска разузнавачка машинерија заклучи дека не може со сигурност да го утврди потеклото на ковид-19.

Додека ЕУ го следи CO2, од неа масовно се испушта метан

Во Романија се откриени преку 70 локации од кои се испуштаат огромни количини метан. Во иста количина, метанот е дури 80 пати поштетен за загревањето на атмосферата отколку првоoбвинетиот јаглероден диоксид.

Онлифанс се пишманија околу забраната за порно

Наместо целосно блокирање и бришење на порнографијата на платформата, Онлифанс деновиве изгледа подобро се преброи и одлучи дека сака да биде „дом за сите креатори“.

Авганистан, гробница на експертите

Западните државотворци мислеа дека знаат што е најдобро за Авганистан - немаа поим.

Нирвана ги тужи бебето од омотот на Невермајнд

Спенсер Елден ја тужи групата за сексуално злоупотребување на дете, бидејќи на времето не бил во можност да даде согласност неговата фотографија да биде искористена за омотот на клучниот албум на Нирвана. Со оглед на лудото време кое ни се падна за живеење, ич не сме зачудени.

Австралија стрелаше кучиња од стационар за да спречи ширење корона

Петнаесет кучиња, од кои десет биле кутриња, од еден стационар во Австралија се убиени од властите како би се спречиле волонтерите во стационарот да патуваат до таму за да ги земат и притоа потенцијално да го рашират вирусот.

Прогресивноста ги јаде своите деца

На њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо не само што му е одземена Еми наградата туку е и избришан од листата на добитници. Како да не постоел човекот кој до вчера беше политички херој на културната елита која во него гледаше потенцијален криптонит за некогаш семоќниот Трамп.

Хакер на денот

Заглавен во својот автомобил во некоја бескрајна сообраќајна колона, дечко решил да го хакне билбордот кој бил во близина и на него да стрима порно. За негова голема несреќа, сето тоа се случува во Индонезија.

Викиликс извади „грејтест хитс“ од документите што ги има објавено за Авганистан

Бидејќи сите се упорно изненадени како тоа Талибанците го освоија Авганистан ко да е Луна парк, и како и покрај милијарди долари истурени во земјата, пак никој не ги сака Американците, Викиликс извади топ 10 тајни документи од инвазијата на Авганистан што ги има објавувано изминативе години. И има што да се види, и што било игнорирано или заташкано.

Еколицемерие: Екологија за вас, дизел за нас

Не е првпат климатски евангелисти да бидат фатени како не го живеат она што го проповедаат. Имињата на последните еко-дизелаши се помалку познати во нашата јавност но принципот е ист како кај претходно третираните принц Хари или лондонскиот градоначалник Садик Кан.

На Такер Карлсон му дојде да го брани Бајден од Си-ен-ен

Перјаникот на Фокс њуз јавно признава дека му е сомнително и ни најмалку јасно зашто периодов Си-ен-ен решава толку остро да оди против истиот Бајден што тие го донесоа на власт, иако до сега многу поголеми гревови му беа простувани.

Демантирани небулозите за 45 дена од прележувањето

„Нема дилема дека антителата што се создаваат кај пациентите по прележаниот вирус штитат одреден период, но имунитетот стекнат од вакцината е многу подолготраен и поефикасен“, ќе рече министерот за здравство Венко Филипче. Голема студија на тема антитела и нивно одржување во телото ќе рече сосема поинаку.

Андерс Тегнел прогласен за најважниот Швеѓанин годинава

„Да, многу луѓе ни умреа но сепак помалку од просекот на ЕУ а го спасивме менталното здравје на нацијата и домашната економија“, резимираше државниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, творецот на опуштениот шведски модел за справување со пандемијата.

Како до појак имунитет: со прележување или со бустер вакцина?

Пред година дена, дилемата прележување или вакцина беше бааги еретичка. Сега не почнуваме од нула па може да се прелистаат некои опции, иако, со оваа болештија, постојат многу малку константи. Со исклучок на онаа дека мерките и не-мерките кои ги спроведува нашата влада се константно фушерски и идиотски. Караџовски, не е смешно.

Поголема дистанца меѓу двете дози за посилен имунитет?

На почетокот од вакцинирањето имаше логика меѓу првата и втората доза од вакцината да минат само 3 до 4 недели за да може што повеќе луѓе што побрзо целосно да се заштитат. Меѓутоа процената е дека заради тоа сега има потреба од 3-та доза.

Онлифанс ќе забрани порно

Иако единствено понеразумно од ова е Порнхаб да забрани порно, Онлифанс објави дека излегува од бизнисот со порнографија и од 1-ви октомври целосно забранува порно на својата платформа.

Лагите што доведоа до падот на Кабул

Авганистанските документи се збирка на интервјуа што американската влада ги прави со стотици функционери кои имаат клучни улоги во 20-годишната војна во Авганистан. Вашингтон пост повеќе од 3 години е на суд со американската влада за да ги извади истите интервјуа на виделина и да ги објави. Документите веќе некое време се објавени, а Крег Витлок од Вашингтон пост е автор на книга на темата.

Вакцините против ковид се помалку ефикасни против делта сојот

Ефикасноста на вакцината на Фајзер против делта сојот трае само 90 дена по целосната вакцинација, покажуваат резултатите на Универзитетот Оксфорд кој спроведува една од најобемните студии во светот.

Талибанците го запалија Луна паркот кај што се возеа

Крајно неблагодарно само еден ден откако директно од фронт завршија во Луна парк и испробаа се што има да се проба, талибанците се вратија и до темел го запалија цел парк.

Што ќе се случи со богатството на Авганистан?

Над земја Авганистан нема речиси никакво богатство, меѓутоа ако се за верување американски воени функционери и геолози, под земја имаат над 1.000 милијарди долари во минерали.

Твитер нема проблем талибанците да останат на платформата се додека се послушни

Без разлика на неброените злодела што ги има направено организацијата што ја преставуваат, на комплетната медиумска машинерија на талибанците дозволено и е слободно да твита колку и е мерак.

САД треба да се повлечат од Авганистан до 11-ти септември

Чисто колку да не може да има поголема симболика, портпаролот на талибанците изјави дека последниот Американец треба да се исчисти од Авганистан точно на денот на 20-годишнината од нападите на Њујорк.

Бајден е во право

САД во овие 20 години имаат потрошено повеќе пари на Авганистан (со пресметана инфлација) отколку што имаат потрошено за целиот Маршаловиот план со кој ја реизградија цела Западна Европа. И покрај тоа авганистанската влада ја изгуби целата држава во рок од 3 недели.