Локалните власти стојат зад оваа одлука со објаснување дека тоа е направено со цел да спречат доаѓање на луѓе од надвор, и со тоа да ги заштитат вработените и заедницата од ризикот од ширење на ковид-19.
Властите допрва треба да утврдат дали се прекршени законите за суровост врз животни. Според нив, капацитетот на стационарот бил исполнет, а две од кучињата биле агресивни меѓу себе и кон вработените.
Од почетокот на август во стационарот се сместени 5 кучиња, од кои едно потоа родило 10 кутриња.
Сето ова се случува во сојузната држава Нов Јужен Велс, која има целосна забрана за излегување од дома заради ковид-19. Во саботата сојузната држава со популација од 8,1 милион луѓе, имаше рекордни 843 нови случаи на ковид-19.
Заради оваа забрана, локалните власти одлучиле да не ја контактираат спасувачката организација која била од соседната област, затоа што не сакале луѓе од надвор да влегуваат во нивната заедница, а во исто време локалецот кој вообичаено бил одговорен за вдомување на кучињата не смеел да дојде заради забраната.