
Од старт ова не е планот на Садат за живејачката во Германија, меѓутоа како што му снемуваат пари тој се решава да почне со разнесување пица.
Новата професија на поранешниот министер случајно е откриена од еден германски новинар, а подоцна и самиот Садат ја потврдува информацијата за Скај њуз Арабија.
Иако за сегашната позиција му е доволно само да знае да вози точак, за претходната тој е со резиме во кое стои дека има два мастерси, по комуникации и електроника, од Универзитетот Оксфорд, има кариера од 23 години, во кои работел во 20 компании во најмалку 13 држави низ светот.
Пред да биде министер, Садат е ангажиран како ЦЕО на Ариана телеком во Лондон од 2016 до 2017, а претходно работи како технички советник во министерството за информатика од 2005 до 2013.
Садат се спасува од Авганистан во декември минатата година. Запрашан за сегашната ситуација и на него не му се верува колку брзо паднала владата.