Демантирани небулозите за 45 дена од прележувањето

„Нема дилема дека антителата што се создаваат кај пациентите по прележаниот вирус штитат одреден период, но имунитетот стекнат од вакцината е многу подолготраен и поефикасен“, ќе рече министерот за здравство Венко Филипче. Голема студија на тема антитела и нивно одржување во телото ќе рече сосема поинаку.

Група израелски истражувачи ја следеле имунозаштитата кај луѓе што двапати биле вакцинирани со мРНК-вакцина на Фајзер и кај оние што се заразиле, а биле невакцинирани. Кај обете групи забележано е дека заштитата опаѓа со текот на времето, но со битно различно темпо.

Нивоата на антитела била следена во периодот од 31 јануари до 31 јули годинава, кај две различни групи: едните двојно вакцинирани без претходна инфекција од ковид (2.653 лица) и кај опоравени луѓе што оболеле од ковид, а немале примено вакцина (4.321 лице).

Вакцинираните (по втората доза) имале повисоки нивоа на антитела од прележаните, меѓутоа кај првите нивото на антитела опаѓало за 40% секој нареден месец, додека кај прележаните антителата опаѓале за помалку од пет проценти месечно.

Шест месеци по вакцинацијата, 16,1% од субјектите имале нивоа на антитела под серопозитивната граница (<50 AU/mL), додека кај другите тој процент изнесувал само 10,8% дури девет месеци по прележувањето.

Студијата заклучува дека шемата на антитела кај вакцинираните и прележаните е различна. Вакцинираните имаат повисоки иницијални нивоа на антитела, но тие многу побрзо се губат отколку кај оние што природно се имунизирале. 

Да не си му во кожа на Филипче, сега кога ќе му се здадат оние праведници од Мониторинг-тимот на Цивил.

* за студијата - тука

23 август 2021 - 20:02