Хакер на денот

Заглавен во својот автомобил во некоја бескрајна сообраќајна колона, дечко решил да го хакне билбордот кој бил во близина и на него да стрима порно. За негова голема несреќа, сето тоа се случува во Индонезија.

Што може да праи човек кога ќе заглави во колона која се чини дека никаде не мрда? Да врти песни од плејлиста, да скрола по некоја социјална мрежа, да се ѕирне себе како изгледа во ретровизор и одвреме-навреме да ја натисне сирената со сочно „ајде бе, пиздалимуматерина!“

Не и овој. Дечкото има 24 години и е некој ИТ трудбеник во Џакарта. Кога му здосадила горенаведената стандардна понуда ритуали за кратење време, здогледал електронски билборд, го хакнал и на него цел час стримал јапонско порно, пред некој да ја скине струјата.

Некои велат дека луѓето од колоната биле шокирани и револтирани од содржината на билбордот, некои тврдат дека дури тогаш колоната не мрднала.

Би било тоа згоден пранк кога не би се работело за Индонезија, државата која забранува порно. Дечкото е уапсен и можно е следните 12 години од својот живот да ги баферира зад решетки.

* aко сте баш љубопитни, на билбордот пуштал Токио Хот Воч (линк+18)

 

 

 

 

24 август 2021 - 20:34