
Откривањето на опасните локации е резултат на непрофитната организација Clean Air Task Force која во својот состав има тн „ловци на метан“, кои се опремени со детектори и специјални камери вредни над 100.000 евра со помош на кои може да се регистрира испуштањето на метан кој не е видлив за човечкото око.
Резултатите биле шокантни и за нив а се работело за нафтени полиња, плински цевоводи, зарѓани контејнери за складирање и бунари кои, во некои случаи, се наоѓале во непосредна близина на детски игралишта.
Метанот десет пати побрзо се разградува во природата отколку CO2 за чие разградување се потребни 120 години, но затоа продуцира многу повеќе топлина што значи дека релативно мал удел на метан во атмосферата може многу битно да го влоши ефектот на стаклена градина.
Во поглед на овој елемент, кој го произведува и стоката и сите преживари, доста лошо стојат Австралија и Казахстан.