САД треба да се повлечат од Авганистан до 11-ти септември

Чисто колку да не може да има поголема симболика, портпаролот на талибанците изјави дека последниот Американец треба да се исчисти од Авганистан точно на денот на 20-годишнината од нападите на Њујорк.

Сухаил Шахин

Портпаролот Сухаил Шахин порача дека талибанските сили се обврзуваат дека нема да ги напаѓаат американските сили дур се евакуираат од земјата, и дека ниту еднаш ги немаат нападнато.

Од почетокот на хаосот, САД веќе имаат испратено 7.000 војници кои треба да ја помогнат евакуацијата на своите граѓани и на авганистанските цивили и соработници.

Оригиналниот датум на целосно повлекување на САД од Авганистан според договорот од Доха беше средината на мај, меѓутоа по ново рокот е продолжен до 11-ти септември.

Планот на САД е во овој период да евакуираат меѓу 5 и 9 илјади луѓе на ден, а американските сили да бидат стационирани на аеродромот во Кабул во претстојните недели.

Вчера се појави и снимка како талибанците придружуваат најразличен странски дипломатски персонал од Кабул кој се евакуира од аеродромот:

18 август 2021 - 10:54