Бајден е во право

САД во овие 20 години имаат потрошено повеќе пари на Авганистан (со пресметана инфлација) отколку што имаат потрошено за целиот Маршаловиот план со кој ја реизградија цела Западна Европа. И покрај тоа авганистанската влада ја изгуби целата држава во рок од 3 недели.

„Работите беа полоши отколку што мислевме. Нè лажеа дури повеќе отколку што мислевме. Мислам дека и претседателите редовно беа лажени. Мислам дека војската се лажеше самата себе.

Сума сумарум: војската на Авганистан беше лажна, владата беше лажна, помошта за развој беше лажна. Сè што направивме е да креираме масовен систем на клептократија кој имаше нула локална поддршка...

... Ова што се случи одамна нè чекаше. Причината зошто претседател за претседател решија да останеме таму е затоа што тие не сакаа американскиот народ да ја дознае вистината за тоа како нивните пари беа потрошени и расфрлани, и како се изгубија животи за буквално ништо,“ порачува водителката на Брејкинг поинтс, Кристал Бол.

Во прашање се две работи кои авторите на Брејкинг поинтс ги гледаат како одделни: едната е правилната одлука на Бајден веднаш да го напушти Авганистан, другата е катастрофалниот начин на кој тоа беше сторено.

Наводно самиот колапс на комплетниот систем во Авганистан ја засилил решителноста и аргументите на администрацијата за повлекување од земјата, бидејќи било јасно дека од нив постојано ќе се бараат „уште шест месеци, уште година дена, уште пет години“.

„И ништо од тоа немаше да направи разлика. Ова ќе беше исходот без разлика колку долго ќе останевме,“ објаснува Кристал.

Околу забелешките дека сцените што доаѓаат од Кабул и впечатокот на светската јавност не се ни приближно благонаклонети и добри, ко-водителот Сагар Енџети порачува:

„Мора да биде реални, вака изгледа секој пат кога ќе бидеш поразен во војна.“

Се што треба да се знае за американскиот успех во земјата, и оправданата разочараност непоправливоста на истата, одлично го сумира една од највпечатливите слики од викендов, со хеликоптерот кој пренесува персонал од американската амбасада до аеродромот. Не, не е поентата тоа што сликата потсетува на бегањето од Виетнам, пострашното е што со години персоналот од амбасадата секогаш со хеликоптер патувал до аеродромот во Кабул, затоа што американската армија  не успева вистински да го обезбеди патот (права линија од околу 3 километри) од амбасадата до аеродромот.

Целата анализа:


И неколку дополнувања:

17 август 2021 - 15:34