Епидемилогот кој ја остави Шведска отворена:

Андерс Тегнел прогласен за најважниот Швеѓанин годинава

„Да, многу луѓе ни умреа но сепак помалку од просекот на ЕУ а го спасивме менталното здравје на нацијата и домашната економија“, резимираше државниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, творецот на опуштениот шведски модел за справување со пандемијата.

Додека сè повеќе се шири заразата предизвикана од делта сојот, во Шведска најрегуларно започнува новата учебна година. Иако инстинктивната реакција на многу држави е да вратат рестрикции, Шведска продолжува со својот лабав модел на борба против ковидот кој и денес, исто како и кога беше воведен, предизвикува бројни дебати и спротивставени мислења. 

Андерс Тегнел неодамна беше прогласен за најважниот Швеѓанин оваа година а заедно со менаџерката на соларната компанија Солар Бора, го доби и престижното признание „алумни на годината“.

Единствена видлива мерка е што родителите не смеат да влегуваат во училниците на своите деца, пренесува Јутарњи.

Лани Шведска го привлече светското внимание заради одлуката да ги остави отворени кафулињата, рестораните, трговските центри и школите. За тоа време, милиони луѓе во светот беа затворени дома, а фирми пропаѓаа (кај нас за само 6 месеци годинава рикнале 5.000 фирми а лани уште 6.000)

18 месеци после појавата на новиот коронавирус во Шведска, две третини од населението не е загрижено заради ковидот, покажуваат испитувањата на тамошното јавно мислење. Поголемиот дел од луѓето го поддржуваат владиниот пристап кон кризата и само една четвртина сметаат дека требало да се даде поголем фокус на јавното здравје а не на економијата.

Телеграф потсетува дека Шведска имаше сериозни проблеми со коронавирусот. Досега околу 15.000 луше починаа од последици на заразата, но стапката на смртност е пониска од просекот на Европската унија и далеку пониска отколку во Франција, Шпанија, Италија и Велика Британија кои воведуваа ригорозни мерки.

Научници признаваат дека се изненади од ваквиот епилог:

„Во повеќе наврати помислив дека ситуација ќе ескалира, но во Шведска сепак сè остана под контрола,“ вели Самир Бат, професор по јавно здравје ов Копенхаген. „Шведска успеа да воведе контрола над инфекцијата, да ја задржи релативно ниската стапка на зараза и да не дојде до колапс на здравствениот систем“.

Драгоцени ефекти на шведскиот модел можат да се видат во економијата и во зачувување на менталното здравје на нацијата.

На почетокот на првиот бран, ММФ им предвидуваше пад од седум посто, тие паднаа само 2,8%, далеку помалку од шесте проценти пад колку што изнесува европскиот просек или оние речиси десет проценти колку што падна економијата на Велика Британија. Шведската економија се опоравува побрзо од останатите земји - веќе во јули БДП им беше на ниво од пред пандемијата а за годинава се очекува раст од 4,6 проценти.

После Данска, имаат најмал буџетски дефицит а јавниот долг им е останат на исто ниво како пред кризата.  

Нема ни сериозни последици по психолошкото здравје на луѓето. Националниот одбор за здравство извести дека опаѓа бројот на луѓе кои бараат помош заради анксиозност и депресија, особено меѓу децата и младите, што веројатно е резултат на одлуката школите да останат отворени. Дури и во повисоките класови, дома останувале само оние кои биле позитивни, додека другите продолжувале со настава и дружење. 

„Многу сум среќна што нашите училишта ги оставивме отворени. Мислам дека тоа беше многу важно,“ Сара Бајфорс, раководителка на јавно -здравствената агенција ПХА.

 

23 август 2021 - 12:10