Поголема дистанца меѓу двете дози за посилен имунитет?

На почетокот од вакцинирањето имаше логика меѓу првата и втората доза од вакцината да минат само 3 до 4 недели за да може што повеќе луѓе што побрзо целосно да се заштитат. Меѓутоа процената е дека заради тоа сега има потреба од 3-та доза.

Интервалот од 3 до 4 недели меѓу двете вакцини „го жртвува траењето на заштитата и издржливоста на заштитата“ објаснува деканот на Школата за тропска медицина на Бејлор колеџ, Питер Хотез. Според него токму заради вака малиот интервал денес е неопходно да се дава и трета доза.

На сличен став е и професорот по микробиологија и имунологија од Корнел, Џон Мур, кој објаснува дека подолгите интервали меѓу двете дози му даваат време на имунолошкиот систем да созрее, и дозволува антителата да се подобрат по квалитет иако нивниот број опаѓа.

Неодамна британските здравствени власти објавија слична опсервација, дека ковид вакцините биле поефикасни против симптоматични случаи кога имало шест недели меѓу двете дози, наместо три до четири.

Заради сето ова експертите сега се на верување дека засилувачот, третата доза, која би се давала по осум месеца од втората доза, ќе даде значително засилување на имунитетниот систем, и дека тоа ќе биде крајот на вакцинирањето.

20 август 2021 - 12:50