Меѓународната ЕМИ награда од 2020 година за Ендрју Куомо му беше при рака само додека беше гувернер. Нецел ден откако неговата оставка - дадена пред некоја недела - стапи на сила, Меѓународната академија за телевизиски уметности му ја одзема наградата и во избриша од листата на добитници.
„Неговото име и сите референци за добиената награда ќе ги нема во идните материјали од Академијата,“ ладнокрвно соопшти телевизиската филијала на американскиот Кремљ.
„Неговите 111 дневни брифинзи функционираа толку добро затоа што гувернерот ефектно создаваше телевизиско шоу, со ликови, заплети, приказни за успеси и порази“, соопшти Академијата, доделувајќи му ја наградата.
Преведено на нашки, тоа е она кога занемаруваш што имаме ужасно поголема смртност од сите околу нас, ама заклучуваш „овој Венко убаво зборува.“, пишавме во статијата Политичар добива ЕМИ награда за ковид брифинзи
За забеганоста на фан-базата на Куомо, која купуваше свеќи, шољи и перници со неговиот лик а и својата сексуална определба ја дефинираа во негова чест, пишувавме во статијата Издишаното либидо на политичките „куомосексуалци“.
За куомосексуалци се сметаа ликови како Тревор Ноа и Елен Деџенерис (види во Ендрју, Куомо Вадис?)
Патем, Чаплин кога е на ред за лустрација?