„Благодариме на сите што ги кажаа своите мислења. Имаме осигурувања неопходни за поддршка на разноликоста на креаторската заедница и ги укинавме промените на политиката за користење планирани за 1 октомври.
Онлифанс преставува инклузивност и ќе продолжиме да обезбедуваме дом за сите креатори,“ се порачува во соопштението на компанијата.
Планот на компанијата беше од 1 октомври целосно да ја забрани порнографијата, и да дозволи само голотија.
Процената е дека Онлифанс успеал да го реши конфликтот што го има со банките, од кои дел заради порнографските содржини одбиваат да соработуваат со компанијата. Наводно повеќе големи светски банки изминатиов период ја укинале можноста на Онлифанс да им исплаќа пари на креаторките на платформата.
Претходната одлука за укинување на порно сериозно ги разгневи сексуалните работнички чија егзистенција зависи од сајтот, а дел од нив не се воодушевени ни од новата одлука.