Единствениот став на Твитер околу прашањето дали ќе им забрани на претставниците на исламистичката фундаменталистичка влада да ја користат платформата за ширење на својата порака, е дека Твитер „ќе продолжи проактивно да ги спроведува“ правилата за забранување на „глорификација на насилство, манипулација на платформата и спам“.
За сега двајца портпароли на талибанците имаат Твитер сметка, едниот со 310.000 следачи, а другиот со над 63.000 следачи.
Њујорк пост забележува дека иако Твитер го банираше Трамп, а пред некое време и една републиканска конгресменка, компанијата нема проблем на платформата да дозволи да објавуваат сметки поврзани со „репресивни влади како Кина и Иран“.
Наспроти нив Фејсбук вети дека ќе ги забрани сите профили кои се наклонети или ги претставуваат талибанците. И ова ќе важи на сите нивни платформи вклучително и Инстаграм.
„Талибанците според американскиот закон се терористичка организација и ние ги баниравме нив од нашите сервиси по основа на политиката за опасни организации,“ изјавил портпаролот на Фејсбук.
Слично ветување има и Јутјуб, кој најави гасење на секоја сметка за која се верува дека е на талибанците.